Што се „празни калории“?

Празни калории – делува како парадокс. Веројатно сте го слушнале овој израз многу пати, но не сте успеале да го дефинирате конкретно. Тоа е во најголема мера поради тоа што изразот „празни калории“, во научна смисла, нема никакво значење. Но, изразот во секојдневниот живот се употребува за да укаже на прекумерното конзумирање на храна, особено на брза храна.

На секому од нас му се случило да јаде и кога не чувствува глад, многу често јадеме и кога не е време за оброк или пак наместо овошје јадеме нешто благо, хамбургер или пица. Тоа се т.н. храни со празни калории, поточно со вишок на калории кои не се поврзани со нутритивни супстанци како витамини и минерали. На тој начин често пати се соочуваме со појавата на прекумерна тежина.

Што се празните калории?

Многу нутриционисти тврдат дека калориите не може да бидат единствената мерна единица за диета, бидејќи исхраната е составен дел од начинот на живот, на што влијаат и други фактори како редовни оброци, физичка активност, конзумирање алкохол, како и добриот и редовен сон. Токму поради тоа, исхраната за да биде избалансирана, таа не треба да се планира само низ бројката на калории.

Калориите претставуваат енергијата која нашиот организам ја произведува варејќи ја внесената храна. 1 грам глукоза (јаглехидрати) ослободува 3.92 калории, 1 грам протеини ослободува 4 калории, додека 1 грам масти ослободува 9 калории. Според овие податоци се пресметува енергетската вредност на намирниците и производите.

Но, постојат дополнителни фактори кои влијаат на проценетата енергетска вредност, која варира, на пример, по готвењето на храната. На тој начин калориската вредност на намирниците може да се зголеми. Затоа, многу е тешко прецизно да ја одредиме калориската вредност на намирниците кои ги конзумираме.

Изразот „празни калории“ се употребува во смисла на „бескорисни калории“. Бескорисни калории се калории кои се наоѓаат во брзата и преработена храна, во слатките, во алкохолните и во газираните пијалоци. Оваа храна не ги обезбедува витамините, минералите и влакната кои му се потребни на телото. Затоа, треба да водите сметка, храната која ја конзумирате да биде разновидна, свежа и да содржи хранливи материи.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *