Јаткасти плодови за одлично здравје

Споделете со пријателите

Богати со протеини, хранливи влакна и здрави масти, јаткастите плодови се одличен избор за здрав меѓуоброк. Една порција јаткасти плодови (околу 30 грама), ќе ви обезбеди одлична комбинација на витамини и минерали. Истражувањата покажуваат дека лицата кои јадат шака јаткасти плодови на ден, имаат за 20% помали шанси да заболат од рак, заболувања на срцето или слично. Освен тоа, тие помагаат во губењето на килограми, во борбата против несоницата, а одлични се и за меморијата. Прочитајте кои се најздравите јаткасти плодови.

nuts-seeds

Ореви

Полни со омега-3 масни киселини, кои го подобруваат памтењето. Оревите ги намалуваат воспаленијата и помагаат во контрола врз крвниот притисок, што е особено важно за луѓето кои имаат проблеми со срцето. Исто така, се добри за намалување на „лошиот холестерол“, а и го намалуваат ризикот од тромбоза.

Кикирики

Вкусните кикирики содржат ресветрол, а тоа е антиоксиданс кој е познат по тоа што го забавува стареењето и го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Оваа мешунка е исто така полна со фолна киселина,витамин Е и магнезиум.

Бадеми

Бадемите ги имаат сите здрави состојки како и останатите јаткасти плодови, со тоа што се полни со протеини, па одлични се за одржување на добра фигура. Ова се едни од најмалку калоричните јаткасти плодови, а со најголемо количество на калциум. Исто така, богати се со витамин Е.

Ф‘стаци

Сакате да го подобрите здравјето на вашите артерии? Овие јаткасти плодови се одличен начин да го постигнете тоа. Тие содржат Л-аргинин кој може да ги направи артериите поеластични и со тоа да го намали ризикот од срцев или мозочен удар. Умерено се калорични, а со оглед на тоа дека мора да ги отворате еден по еден, помала е веројатноста дека ќе претерате.

Бразилски ореви

Овие плодови се вистинска нутритивна бомба. Полни се со селен, кој му помага на телото да да се справи со слободните радикали и да се заштити од многу болести. Исто така богати се со цинк и поттикнуваат обнова на кожата, па посебно се препорачуваат кај  луѓе кои се склони на гребаници и осекотини.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *