Овој брз десерт е одличен за оние кои не сакаат до поминуваат многу време во кујната, а сепак сакаат да јадат здрава и вкусна храна. Овие мафини се одлични за појадок, ужина или пак за било кој дел од денот. Ќе ви ја заситат желбата за благо и ќе ви дадат многу енергија. Задолжително пробајте ги.
Потребни состојки:
- 1 банана
- 1 јајце
- 2 супени пченкарно брашно
- 2 супени лажици мелени овесни снегулки
- 1 лажичка мелено ленено семе
- малку прашок за пециво
- малку цимет (по желба)
- ½ лажичка стевија или 1 лажица мед
Начин на подготовка:
Сувите состојки измешајте ги во еден длабок сад (пченкарното брашно, овесните снегулки, меленотот ленено семе, прашокот за пециво и циметот). Во друг сад измешајте го јајцето заедно со бананата и медот или стевијата. На крај соединете ги двата дела и смесата истурете ја во калапи за мафини. Најдобро е да користите гумени калапи затоа што во нив мафините не се лепат, па така нема да ви биде потребно ни грам масло.
Уживајте во овој брз и вкусен десерт заедно со топол чај или црно кафе.
На здравје!
Овој прекрасен рецепт и слика ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.