Едноставен и вкусен ручек спремен набрзина. Комбинирајте ги овие вкусни ќофтиња со свежа салата по ваш сопствен избор и уживајте во лесниот ручек. Дополнително можете да подготвите и макало од кисело млеко, лук и ситно сечкана краставица.
Потребни состојки:
- 3 варени компири
- 2 лажици интегрално брашно (може да се замени со овесни снегулки)
- 1 јајце
- 1 лажица маслиново масло
- 2-3 чешниња сито сечкан лук
- малку хималајска сол и црн бибер
- малку ситно сечкан магдонос.
Начин на подготовка:
Откако компирите убаво ќе ги сварите излупете ги и изгмечите ги со виљушка . Потоа додадете го јајцето, интегралното брашно, маслиновото масло, лукот и зачините. Убаво соединете ја смесата и формирајте ќофтиња.
Наредете ги ќофтињата во плех на хартија за печење и печете ги 20-тина минути на температура од 200⁰С. Друга варијанта е доколку имате тава која не лепи кратко да ги пржите во неа.
Комбинирајте ги овие вкусни и едноставни ќофтиња со свежа салата по ваш сопствен вкус и уживајте!
Добар апетит.
Повеќе идеи за здрави рецепти, пронајдете тука.
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.