Бургери од карфиол и јајца

Споделете со пријателите

Го избравме карфиолот затоа што е многу вкусен, има многу малку калории (околу 25 калории на 100 g), но од друга страна има голема нутритивна вредност. Тој е голем извор на витамин Ц, витамини од групата Б и тоа особено фолна киселина. Карфиолот е богат и со многу минерали кои го штитат и чуваат нашето здравје.

cauliflower-1020x765

Еве ги потребните состојки за подготовка на 12 бургери од карфиол и јајца:

  • 400-500 g свеж карфиол
  • 2 јајца
  • 1 кромид со средна големина
  • 1-2 чешниња лук
  • малку лебни трошки (ако сакате поздрава варијанта, можете наместо лебни трошки да додадете мелени овесни снегулки)
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол, оригано и црн бибер (по желба).

Начин на подготовка:

Карфиолот мора да биде варен, така што во тенџере со вода на оган оставете го да врие 5-10 минути, потребно е убаво да омекне.  Кога убаво ќе омекне фрлете ја водата и убаво изгмечете го карфиолот со алатка за пире, додадете ги двете јајца, изренадајте го кромидот, ситно насечкајте го лукот, додадете маслиново масло и зачинете по желба. На крај полека додајте 1 лажица лебни трошки или овесни снегулки и мешајте, ако е потребно додадете уште 1-2 лажици. Смесата треба да биде со густина која дозволува формирање на топчиња/бургери.

На хартија за печење наредете ги бургерите и печете во загреана рерна на 200°С околу 20-тина минути дури бургерите не заруменат.

Комбинирајте ги овие вкусни бургери со свежа салата по избор.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *