Вкусни и здрави енергетски барови

Споделете со пријателите

Слатките кои содржат многу рафинирани шеќери навистина можат да бидат штетни по здравјето, затоа секогаш кога сте во можност наместо да купите подгответе си сами.

Што мислите за идејата да подговите вкусни и здрави енергетски барови?

Рецептот е едноставен и брз, овие барови не се печат и не соржат вештачки бои, шеќер, ароми и конзерванси, а можат да ви бидат одлична  и здрава ужинка во секое време.

Потребни сосотјки:

  • 200 g бадеми (можете да ги замените бадемите и друг вид јаткасто овошје како лешници, ореви и сл.)
  • 15 урми
  • 50 g суво грозје (можете да го замените сувото грозје и со друг вид суво овошје како сува брсница, сливи, кајсии и сл.)
  • 2 супени лажици мелено ленено семе
  • 2 супени лажици мелен интегрален сусам
  • 2 супени лажици кокосово брашно
  • 1 супена лажица кокосово масло
  • 2 супени лажици мед
  • цимет по желба

batonchiki

Начин на подготовка:

Урмите и бадемите се ставаат во сад и се прелеваат со вода, се оставаат да киснат минимум 4 часа. Киснатите урми и бадеми ставете ги во блендер и убаво изблендирајте, потоа додајте ги другите состојки и убаво измешајте дури не добиете хомогена смеса. Доколку смесата е многу сува, додајте малку вода, а пак ако е потечна додајте уште 1 супена лажица ленено семе.

Обикувајте ги енергетските плочки по желба. На крај извалкајте ги во кокосово брашно и завиткајте ги во фолија. Така чувајте ги во фрижидер.

Брзи, здрави и полни со хранливи состојки…..Вреди да ги пробате 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *