Вода со јаболко и цимет за природно забрзување на метаболизмот

Споделете со пријателите

Доколку имате кризи и желба постојано нешто да јадете, пробајте да го заситите гладот со овој напиток кој ви го нудиме во продолжение.  Се што ви е потребно е едно јаболко и една мала лажичка цимет во прав. Доколку имате стапче цимет искористете го него.

Исечете го јаболкото на текни парченца, додадете една мала лажичка  цимет во прав и прелијте со 1,5 до 2 литри провриена изладена вода. Размешајте и оставете го да стои во фрижидер 1 до 2 часа.

pitcher-and-glass

Пијте во текот на денот наместо вода и во моментите кога ќе почувствувате “лажен” глад. Наредниот ден направете нова тура.

Комбинацијата од јаболко и цимет го подобрува, односно забрзува метаболизмот, а исто така помага и во намалување на тежината заради повлекувањето на вишокот течност од организмот. Циметот има неверојатна моќ на природен начин да го намалува шеќерот во крвта. Тој ја зголемува активноста на инсулинот и го помага искористувањето на глукозата од клетките. Исто така циметот има ефект и на намалување на нивото на масти и холестерол во крвта.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *