Второ издание на Health, Fitness & Wellness Expo!

Споделете со пријателите

Овој септември, подгответе се за второто издание на Health, Fitness & Wellness Expo. Од 23-25 септември, во Хотел Александар Палас, по втор пат ќе се одржи најголемиот интерактивен настан за ЗДРАВ ЖИВОТЕН СТИЛ.

expo

И оваа година публиката ќе има можност на едно место да се информира за најновите типови на програми за вежбање, да дегустира и припрема вкусна, здрава и органска храна, да испроба голем број на спортски и фитнес активности, да проба разни третмани, масажи, природна органска козметика, суплементација, како и да добие совети за подобро здравје од врвни специјалисти и при тоа – максимално да се забавува.

11225279_1622474668018365_1662760714080436123_o

Над 50 учесници од областа на здравјето, фитнесот и велнесот на посетителите ќе им понудат разни промоции, дегустации, наградни игри и многу други изненадувања, како и богата интерактивна и едукативна програма со преку 30 работилници, тренинзи, настапи и предавања. Оваа година настанот е збогатен и со Kids Corner, катче специјално наменето за најмладите, каде секојдневно ќе има пет часовна програма со разни работилници, како за подобрување на моторичките вештини, така и за поттикнување на здрави навики од најмлада возраст, но и разни едукативни активности.

Секогаш во чекор со светските трендови и новитети, за прв пат во Македонија ќе имаме прилика овозможена од Спорт Инн центарот, да видиме што е Slackline. Настанот ќе го отвори Карлос Мерајо Гарсија, кој е трократен првак на Шпанија во slackline и е рангиран во топ 10те во Светот. Не го пропуштајте големото отворање на 23.09.2016 од 17:30 часот во Хотел Александар Палас, единствена можност во живо да се дружите со Карлос Мерајо Гарсија и да пробате Slackline!

12079933_1622463528019479_5526633795592671295_o

Водени од идејата дека здравиот животен стил не познава граници, го креиравме овој настан со цел да понудиме квалитетна содржина и да ги анимираме од најмладите до највозрасните посетители, без разлика дали професионалци или рекреативци и ентузијасти, настанот е наменет буквално секој кој се води по мотото “во здраво тело – здрав дух” и се грижи за своето здравје и благосостојба.

12138414_1622464884686010_5240776792148827078_o

Погледнете го ова видео за да се потсетите на атмосферата на првиот HFW Expo и следете го настанот на Facebook, како и нашата фан страна, за да бидете во тек со програмата, изложувачите и сите промотивни активности, натпревари и наградни игри кои ќе се одвиваат пред и за време на настанот.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *