Здрави ресaна мусли барови

Споделете со пријателите

Листата на здрави благи рецепти е многу долга. За подготовка на истите не треба многу филозофија, туку само правилна комбинација на намирниците. Сигурно и веќе забележувате дека основните намирици во скоро сите рецепти се исти но, сепак секој рецепт си е посебен на свој начин. Овој пат одлучивме со вас да споделиме рецепт за подготовка на здрави, домашни мусли барови со вкус на ресана.

Одлични се за појадок, ужина или за вечера. Ќе ви дадат енергија и ќе ве одржат сити подолго време бидејќи содржат многу растителни нерастворливи влакна.

Потребни состојки:

  • мешавина од 300 g снегулки (овесни, ‘ржани и јачменови) – ваква мешавина можете да најдете во било кој подобро снабден маркет или пак да побарате да ви измешаат во било која продавница за здрава храна
  • 2 супени лажици чија семе
  • 2 супени лажици мелено ленено семе
  • 50 g лешници (кршени или мелени)
  • замрзнат портокал
  • 100 g темно чоколадо со 70% какао
  • 3 супени лажици мед
  • 3 супени лажици кокосово масло
  • околу 100-150 ml вода

Начин на подготовка:

Во поголем сад измешајте ги снегулките, чија семето, лененото семе и лешниците. Потоа замрзнатиот портокал изрендајте го целосно заедно со кората. Но, пред да го замрзнете убаво измијте го и оставете го во вода со 1 лажица сода бикарбона околу 10 минути, за да бидете сигурни дека убаво сте ја исчистиле кората. Чоколадото исто така изрендајте го или пак ставете го во сецко и издробете го на ситни парченца. Додајте ги портокалот и чоколадото на смесата и мешајте. На крај додадете го медот, кокосовото масло и водата. Водата додавајте ја полека и интензивно мешајте, таа има за цел да ја поврзе смесата. Можеби нема да биде потребно да ја додадете целата вода. Ставете малку повеќе од половина, убаво измешајте и почекајте. Смесата би требало да биде густа и леплива.

На хартија за печење истурете ја смесата и насечете ја на правоаголници или коцки во зависност од тоа каква форма сакате да имаат вашите барови. Ставете во рерна да се пече на 180°С околу 30-40 минути. Извадете ги и секое барче завиткајте го и складирајте го во фрижидер.

На здравје !!!

photo_muesli-slice

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *