Оваа салата е одличен предлог за здрав ручек за двајца. Бидејќи салатата е со ориз слободно можете да ја јадете како замена за ручек, ќе внесете доволно хранливи материи, а благодарение на оризот ќе останете сити подолго време.
Потребни состојки за две порции:
- 1 чаша интегрален ориз
- 1 лажица маслиново масло
- 2 тиквички со средна големина
- малку босилек и оригано
- 1 китка марула
- малку свеж спанаќ
- 5-6 зелени маслинки
за прелив:
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици сок од лимон
- 1-2 чешниња ситно сецкан лук
- малку сол и црн бибер.
Начин на подготовка:
Првин сварете го оризот, имајте во предвид дека на интегралниот ориз му треба повеќе варење од обичниот. Тиквичките насечкајте ги на ситни коцки и ставете ги да се пропржат на тефлонско тавче со малку маслиново масло. Кога ќе омекнат додадете малку босилек и оригано. Во голем длабок сад, насечкајте ја на ситно китката марула и спанаќот, па додадете го оризот, испржените тиквички и зелените маслинки. На крај измешајте се заедно и зачинете со преливот.
На здравје!!!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.