Здрава медитеранска салата

Споделете со пријателите

Медитеранската кујна е една од најздравите кујни во светот затоа што комбинира здрави намирници како зеленчук, овошје, зрнести плодови, маслиново масло и риба. На медитерански начин, брзо и едноставно можете да направите здрава салата за помалку од 5 минути. Еве ви идеја:

Потребни состојки:

  • 100 g фета сирење
  • 50 g бадеми
  • неколку листови целер
  • неколку листови зелена салата по избор (марула, рукола, спанаќ и сл.)
  • 1 лажичка маслиново масло
  • 1 лажица сок од лимон или јаболков оцет
  • малку свеж магдонос
  • сол по желба

Начин на подготовка:

Листовите целер, зелена салата и магдонос насечкајте ги, сирењето насечкајте го на коцки, а бадемите нека останат цели. На крај измешајте ги сите состојки, прелијте со маслиновото масло, сокот од лимон и посолете.

Уживајте !

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *