Здрави овесни плочки со здрава нутела

Споделете со пријателите

Секогаш правете правилни и здрави избори и секогаш кога сте во можност сами подготвувајте си ги оброците бидејќи само така знаете што внесувате во своето тело.

Овие здрави овесни плочки се одлична идеа за појадок или ужина. Се подготвуваат едноставно, а се печат помалку од 10 минути.

Потребни состојки:

  • ½ чаша пченкарно брашно
  • 1 чаша овесни мелени снегулки
  • 2 јајца
  • прашок за пециво или сода бикарбона – на врв на лажичка
  • 2 супени лажици стевиа
  • ½ чаша соино млеко (по ваша желба може со вкус на ванила)
  • малку цимет

Начин на подготовка:

Сите суви состојки се мешаат (пченкарното брашно, мелените овесни снегулки, прашокот за пециво, стевиата и циметот). Јајцата изматете ги заедно со млекото и додадете ги во садот со сувите состојки. Убаво соединете ја смесата, потребно е густината да биде налик на павлака. На хартија за печење излијте ја смесата во поголем сад за да добиете потенка кора. Печете околу 8 до 10 минути на температура од 180С. Потоа со чаша направете кругови, но наместо кругови можете да насечете и правоаголници, коцки или пак триаголници.

Намачкајте ги овесните плочки со здрава нутела. Рецептот за нутелата, пронајдете го тука.

Комбинирајте ги овие вкусни овесни плочки дополнително со некое овошје по желба. Наш предлог се свежи малини и јаболко.

Добар апетит!

Рецепт и слика: Елена Ѓорѓиевска.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *