Здрави чоколадни божиќни мафини

Споделете со пријателите

Одличен здрав десерт кој се подготвува многу брзо.

За уште поголемо уживање можете одозгора да ги прелиете мафините со стопено чоколадо со 70% какао или пак да си подготвите сами домашна здрава варијанта, на линкот имате рецепт.

Потребни состојки:

  • 200 g интегрално пченично брашно
  • 50 g мелени бадеми
  • 1 јајце
  • 1 лажица какао
  • ½ кесичка прашок за пециво
  • 100 ml бадемово/кокосово млеко
  • мешавина од 50 g путер, 2 лажици кокосово масло и 1 лажица какао путер (по желба)
  • 5 лажици кокосов шеќер (може да се замини со кафеав шеќер или со мед).

Начин на подготовка:

Во длабок сад најпрвин ги мешаме сувите делови (брашното, мелените бадеми, какаото, прашокот за пециво и кокосовиот шеќер).

Во друг сад ги мешаме со миксер мешавината од путери, јајцето и бадемовото или кокосовото млеко. На крај во овој сад полека го додаваме сувиот микс и продолжуваме да мешаме со миксерот. Кога ќе добиеме густа и еднолична смеса започнуваме да ги полниме калапчињата за мафини.

Јас начесто користам силиконски калапчиња за да можам полесно да ги одлепувам кога ќе се испечат. Одозгора за декорација можете да наросите малку ленено семе.

Ги печеме мафините во загреана рерна на 180°С околу 20-тина минути. Но, сепак проверувајте затоа што ако ви е јака рерната можеби ќе бидат готови и побрзо или пак ако е побавна ќе им требаат уште дополнителни 5 минути.

На крај извадете ги декорирајте ги по желба. Како што спомнавме на почетокот можете да ги прелиете со чоколаден прелив и да ги декорирате со омиленото овошје.

За да биде појасно како тече целата подготовка на овие вкусни и здрави мафини, погледнете го нашето видео.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *