Здрави чоко-коко топчиња

Споделете со пријателите

Чоколадо и кокос, идеална комбинација за совршено слатко задоволство. Овие здрави чоко-коко топчиња се одличен десерт доколку сакате да јадете нешто слатко и благо, а тоа да биде здраво. Се подготвуваат од само 5 состојки и тоа за помалку од 10 минути.

Еве ги состојките:

  • 100 g темно чоколадо (со 75% какао)
  • 100 g кокос
  • 1 лажица мед
  • 50 g мелени лешници
  • 1 лажица кокосово масло.

Начин на подготовка:

Чоколадото истопете го на пареа и во него додадете го кокосовото масло. Кокосот ставете го во блендер и мешајте, потребно е да го спрашите и да добиете смеса налик на брашно. Потоа истурете го кокосот во садот со чоколадото и додадете ги медот и лешниците. Убаво размешајте и со раце формирајте топчиња. Ако смесата е многу течна додадете уште малку кокос.

Чоко-коко топчињата можете да ги валкате во кокос или пак да оставите малку од лешниците и да ги валкате во мелени лешници.

Оваа смеса е доволна за околу 15-тина топчиња, во зависност од големината.  Калориската вредност на целата смеса е 1150 калории, што значи дека ако направите 15 топчиња секое топче би содржело по околу 80 калории.

Повеќе идеи за здрави рецепти пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *