Видео рецепт: Здрав чоколаден пудинг од просо

Споделете со пријателите

Овој пудинг е многу повкусен од било кој десерт. Ви ветувам дека ако го направите ќе се заљубите во убавиот и неодолив чоколаден вкус.

Подолу е целосниот видео рецепт, директно од нашата кујна 🙂

Потребни состојки:

  • 5 лажици просо
  • 1 чаша бадемово млеко, може и кравјо
  • 1 чаша вода
  • 2 лажици мед
  • 1 лажичка како
  • 1 лажичка кокосово масло.

Начин на подготовка:

Просото, бадемовото млеко, водата и медот ставете ги во огноотпорен сад на оган. Мешајте дури не зоврие и потоа намалете го на тивко. Оставете го просото да се свари целосно, потребно е минимум 20 минути. Кога ќе добиете густа смеса без течност, тогаш просото е готово. Тргнете од оган и додадете ја лажичката какао и кокосово масло, убаво измешајте и ставете го пудингот во блендер. Блендирајте кратко за да добиете густа и еднолична смеса која личи на вистински пудинг.

Декорирајте по желба, јас декорирав со замрзнати боровинки и вишни. Резултатот беше фантастичен, а вкусот неодолив. Дефинитивно подобро и од вистински пудинг!

Добар апетит!!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *