Здрав brownie чоколаден колач

Споделете со пријателите

Здрав десерт за оние кои се вистински љубители на чоколадото. Овој колач е одличен затоа што има кремаст и богат чоколаден вкус. Се подготвува многу лесно и брзо и навистина не ви се потребни некои посебни кулинарски вештини за да го направите.

Еве го рецептот подолу.

Потребни состојки:

  • 400 g темно чоколадо
  • 100 g путер
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици интегрално брашно
  • 2 лажици кокосово брашно
  • 3 лажици мелени бадеми (околу 100 g)
  • 2 јајца.

Начин на подготовка:

Чоколадото и путерот ставете ги да се топат на пареа. Кога убаво ќе се растопат и соединат тргнете ги од оган. Во садот со стопеното чоколадо додадете го медот и полека додавајте ги јајцата (претходно разматени со виљушка) со интензивно мешање. На крај додадете го интегралното брашно, кокосовото брашно и мелените бадеми и повторно убаво размешајте. Кога смесата ќе биде хомогена истурете ја во соодветен плех за печење. Пожелно е плехот да биде правоаголен за да го сечете колачот на коцки.

Ставете го да се пече brownie колачот на температура од 170-200°С во времетраење од околу 20-тина минути.

Оставете го да се излади и декорирајте го одозгора со мелени бадеми.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *