Предлог за здрав и нискокалоричен ручек: Зелена салата со сос од авокадо

Споделете со пријателите

Супер вкусна салата, едноставна, брза за подготвување, здрава, сирова и полна со многу витамини, минерали и антиоксиданси. Наместо да одберете ручек полн со масти, јаглехидрати и празни калории, изберете ја оваа здрава салата. Се подготвува многу брзо, а содржи се што му е потребно на телото за правилно да функионира.

Гледано од калориски аспект, содржи околу 350 калории по порција.

Потребни состојки за 2 лица:

  • китка рукола
  • неколку листови спанаќ
  • 1 црвена пиперка
  • 10-тина индиски ореви
  • 1 супена лажица семки од тиква
  • 1 авокадо
  • малку лук
  • сок од половина лимон
  • сол, маслиново масло и бибер

Начин на подготовка: 

Половина од авокадото насечкајте го на коцки, а другата полвина оставете ја за подготовка на сосот. Руколата, спанаќот и црвената пиперка насечкајте ги и заедно со авокадото измешајте ги во поголем сад. Во блендер ставете ја останата половина авокадо, лукот, сокот од лимон, солта и сосема малку маслиново масло. Блендирајте 2-3 минути дури не добиете убав и кремаст сос. Со него прелијте ја салатата. На крај додадете ги индиските ореви и семките од тиква. На здравје !!!

Ќе ве интересира:

Здрава медитеранска салата 

Вкусна, хранлива и здрава салата со хељда

Салата од спанаќ со ореви

Пролетна салата со булгур

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *