Идеи за појадок во чаша

Споделете со пријателите

Нема поубаво чувство од започнување на денот со убав и здрав оброк. Тоа е на некој начин стимул понатаму во денот да се однесуваме здраво кон нашете тело.

Сите сме свесни дека внесот на поголема количина на свежо овошје и зеленчук е важно за нашето здравје. Подготвовката на смути пред да одите на работа или пред да започнете со вашите секојдневни обврски ќе ви одземе само 5 минути, а ќе си обезбедите високонутритивен оброк полн со витамини, антиоксиданси и минерали. Во прилог ви претставуваме 3 идеи за подготовка на смути кое ќе ви го направи денот поубав.

Зелено смути за детоксикација

  • 1/2 банана
  • 1 кива
  • сок од половина лимон
  • 1/2 крставица
  • малку спанаќ
  • околу 200 ml вода
  • една мала лажица мелено ленено семе

Витаминско смути 

  • 1 цвекло (со средна големина)
  • 1 морков
  • 1  јаболко
  • сок од еден грејпфрут
  • малку свеж ѓумбир (околу 1 cm од коренчето)
  •  1 мала лажичка мед (по желба)
  • 1 мала лажичка чија семе
  •  околу 200 ml вода

Хранливо смути за енергија 

  • 1/2 банана
  • замрзнати малини
  • замрзната аронија  (10-тина зрна)
  • јогурт (околу 200 ml)
  • мала лажичка мед (по желба)
  • една мала лажичка гоџи бобинки

Секој ден може да го започнете свежи и полни со енергија, потребно е само да најдете 5 минути и да ја наполните чашата со најдоброто од природата.

Пријатен појадок 🙂

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *