Кифлички од интегрално брашно со џем

Споделете со пријателите
Овие кифлички се одлични затоа што можат подолго време да стојат во фрижидер и притоа да останат свежи и вкусни. Се подготвуваат едноставно и одлични се за појадок заедно со шолја вкусно кафе. Џемот кој би го користеле изберете го по сопствена желба, иако ние се одлучуваме за здрава варијанта на џем подоготвен без шеќер и без термичка обработка. Станува збор за џем од малини и јагоди со чија семе и мед. Рецептот за овој домашен џем пронајдете го овде.

Потребни сосотјки:

  • 400 g интегрално брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • прствофат сол
  • 150 g путер (несолен)
  • 1 јајце
  • 100 ml млеко
  • 1/2 мала лажича сода бикарбона
  • 1 жолчка (за премачкување)

Начин на подготовка:

  • Интегралното брашно, прашокот за пециво, солта и сода бикарбоната убаво измешајте ги.
  • Во друг сад измешајте ги јајцето, млекото и растопениот путер.
  • Спојте ги овие два дела и убаво промешајте дури не со соедини тестото.
  • Оставете го тестото во фрижидер да остостои околу 1 час.
  • Потоа разместе го и исечете триаголници.
  • Секое триаголниче намачкајте го со џем и убаво завиткајте.
  • Одозгора премачкајте со жолчка од јајце и по желба наросете ленено семе и овесни снегулки.
  • Загрејте ја рерната на 180°С и печете ги кифличките околу 20 минути.

На здравје !!!

Повеќе здрави рецепти пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *