Кремаст чоколаден пудинг од авокадо

Споделете со пријателите

Авокадото има бројни превентивни и лековити својства и затоа се вбројува во групата на супернамирници. Благодарение на богатиот состав од хранливи нутритиенти авокадото го намалува ризикот од појава на дијабетес и срцеви заболувања за 50%.

Љубителите на авокадото имаат помалку проблеми со вишокот килограми, помалку масни наслаги околу половината и високи вредности на HDL (“добриот холестерол”) во крвта.

Овошјето е полно со шеќери, но авокадото е исклучок затоа што изобилува со здрави масти и има многу мал процент на шеќери. Одлично се вклопува во многу оброци. Парчиња авокадо можете да додадете во вашата омилена салата, да го додадете во вашето омилено смути или пак да си подготвите вкусен гвакамоли сос (рецепт).

Ние денес ви предлагаме да подготвите вкусен и брз кремаст чоколаден пудинг од авокадо. Одличен и вкусен десерт за целото семејство. Пудингот од авокадо е толку вкусен што за кратко време ќе стане омилен десерт на вашите деца.

Кремаст чоколаден пудинг од авокадо

Комбинацијата на авокадо, мед и какао е одлична затоа што вкусот на авокадото е целосно маскиран, така што и оние на кој оваа намирница не им е баш најомилена ќе можат да го поднесат вкусот. Овој пудинг не содржи глутен и бел шеќер. Изобилува со здрави масти, антиокасиданси, магнезиум и нерастворливи растителни влакна.

Благодарение на здравите сосотојки, овој пудинг го чува здравјето на вашето срце, ја подобрува и дигестијата и изгледот на кожата.

avocado-chocolate-pudding

Потребни состојки (за 2 порции):

  • 2 излупени авокада (најдобро е да бидат зрели и меки)
  • 1 банана
  • 1-2 супени лажици какао (исто така доколку сакате можете да додадете и 1 лажица рогач)
  • 2 супени лажици мед
  • 1 чаша (200 ml) бадемово млеко*
  • малку ванила вкус
  • прстофат хималајска сол

Начин на подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте околу 2-3 минути. Декорирајте по желба и уживајте во богатиот и здрав кремаст чоколаден вкус.

На здравје!!!

*Бадемовото млеко подгответе го така што 50 g бадеми ќе ги оставите да се киснат со 200 ml вода, потоа водата во која киснале ја фрлате. Бадемите ставате ги во блендер и додавате нови 200 ml вода па мешајте 2-3 минути. Потоа само процедете и млекото е готово!

Остатокот од бадемите никако не ги фрлајте, искористете ги доколку подготовувате интегрални колачи или пак овесна каша.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *