Здрава крем супа од броколи

Споделете со пријателите

Зошто баш крем супа од броколи?

Затоа што се броколите се супер здрава намирница. 100 g броколи содржат само 34 калории, 7 g јагледхирати (од кои 2.6 g се нерастворливи влакна), 2.8 g протеини и само 0.4 g масти.  Брокулите се одличен извор на витамин Ц, витамин А, витамин Б6, витамин К и витамин Б9 (фолна киселина). Исто така содржат и многу калиум, магнезиум и железо.

broccoli

Истражувањата покажуваат дека броколите кои се готвени на пареа  или се варени, содржат најмногу хранливи материи. Овој начин на готвење е најздрав и затоа оваа крем супа од броколи е одличен начин на подготовка на броколите, притоа зачувувајќи ги сите хранливи својства.

Потребни состојки за 4 порции:

  • 400 g свежи броколи
  • 2 моркови со средна големина
  • 1 компир со средна големина
  • 1 коцка за подготовка на зеленчукова супа
  • 700 ml вода
  • 2-3 чешниња лук
  • 1 супена лажица маслиново масло
  • сол, црн бибер и магданос (по желба)
  • 100 ml јогурт.

Начин на подготовка:

  1. Броколите, компирот и морковот насечкајте ги на ситни парченца.
  2. Во тенџере на оган истурете ја водата и додадете ја коцката супа, па потоа додадете го зеленчукот, оставете ги да се варат 10-тина минути.
  3. Кога зеленчукот ќе омекне со рачен блендер избленирајте ја смесата. Потребно е да добиете густа и глатка кремаста структура.
  4. Потоа во тавче на оган ставете го да се загрее маслиновото масло, па додадете го лукчето и пропржете 1 минута, па загреаното масло истурете го во супата и убаво промешајте.
  5. На крај додадете сол, бибер и магданос по желба.
  6. Тргнете ја супата од оган и почекајте малку да се излади, па додадете го јогуртот и убаво промешајте.
  7. Сервирајте ја супата топла.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *