Маслиновото масло е главна состојка во медитеранската кујна. Во него има високо ниво на мононезаситени масни киселини кои помагаат во регулирање на нивото на холестерол во крвта. Намалување на износот на заситени масти во исхраната и внесување повеќе моно и полинезаситени масти придонесува за намалување на ризикот од срцеви заболувања. Маслиновото масло освен што содржи здрави масти, содржи и антиоксиданси и Витамин Е.
Користете го маслиновото масло за готвење, но обичното не ладно цеденото. Ладно цеденото користете го само за салати. Исто така можете и секое утро денот да го започнете со лажичка маслиново масло. Во една лажица маслиново масло има 119 калори.
Макало од маслиново масло
Ставете во сад 100 ml маслиново масло, додадете ситно сечкан магдонос, три чешниња ситно сечкан лук, малку сенф, една лажица лимонов сок и малку сол (по желба). Сето ова се меша убаво и потоа можете да го јадете со црн леб. Ви препорачуваме да го користите лебот тонус, кој е единствениот вистински интегрален леб направен од цели изртени пченични зрна без адитиви.
Ова макало е вистинска витаминска бомба за организмот. Исто така оваа мешавина од маслиново масло и зачини можете да ја искористите и како прелив за риба и за салати.
Можеби ќе ве интересира:
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.