Навлечете се на вежбање наместо на грицкање

Споделете со пријателите

Знаете  ли  дека дури и луѓето кои  мразат  да  вежбаат, можат да  научат да вежбаат и да  уживаат во физичката активност и редовно да ја практицираат.

     Еве  како…

Колку желбата  за  симнување килограми  или  едноставно  за  здрав  начин  на  живот ве  поттикнува на  физичка активност, толку во одредено време таквата мотивација пресушува. Тогаш барате изговори кои  со време ве оддалечуваат од вежбањето, па полека и  се враќате на старата килажа  и  на   неактивен живот. И  доколку  се  прашувате  “Како тоа слабеењето да  не  ми  е  доволна  мотивација  за  вежбање”, постои одговор за  вас. Здравствените причини, превентивата или  контролатата  над  некои  болести, воопшто не се  доволен поттикнувач за луѓето да  се  занимаваат со физичка активност. Иако звучи спротивно  на  нашите очекувања, некои истражувања покажале дека на луѓето чија цел им е  со вежбањето да ги симнат килограмите или да постигнат подобро здравје, всушност малку време  минуваат во вежбање.

Меѓутоа, доколку имате некоја  мотивација  која веднаш ќе Ви  го подобри секојдневието, во смисла на повеќе енергија, помалку   стресови, или повод   на  тој  начин повеќе време  да  поминувате со пријателите  или   семејството, резултатите, ефектите и доследноста во  вежбањето, ќе бидат далеку подобри.

 КАКО  ИЗГЛЕДА ТОА ПРАКТИЧНО?

Доколку спаѓате во групата луѓе кои тешко се започнуваат со конкретна физичка активност препорачливо е  да  се  фокусирате  на  идејата  “Сметајте се” – одете  по  скали,  а  не  со  лифт, пешачете, средувајте ја  градината  или  дворот (доколку  има  такви можности), возете  велосипед  и  сл. Едноставно,  на  вежбањето гледајте  како на  “грицки”, но  повремено  зголемувајте ја  нивната “консумација”. Токму   како  што  калориите  во  вистинските  грицки (чипс, смоки, слатки) се  собираат, во овој случај ќе се  одземаат. Едноствана  математика, а  корисна. Размислете  секој  ден што би сакале да  работите   како   кога  бирате што ќе јадете без  ограничување на  изборот. Тоа што  дополнително секој  ќе го потикне  е размислувањето  на  вежбањето како грижа за  самиот  себе. Колку повеќе енергија ќе вложите во грижата за  себе, толку повеќе енергија ќе имате за  се  друго.

ОБИДЕТЕ СЕ! ПРОВЕРЕТЕ!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *