Намаз од индиски ореви со арома на рум

Споделете со пријателите

Во потрага сте по нешто благо, слатко и здраво, нешто што совршено би се комбинирало со здрави интегрални крекери или пак со овесни колачиња.

Епа имаме одличен рецепт за подготовка на здрав благ намаз од индиски ореви со вкус на рум. Одлична комбинација на намирници и вкусови.

Еве што ви е потребно за наполните една мала тегличка од овој најпрекрасен намаз:

  • 200 g несолени и непечени индиски ореви (претходно киснати во вода 1 час)
  • 1 супена лажица кокосово масло
  • 1-2 супени лажици мед
  • 5-6 суви урми (претходно киснати во вода 1 час)
  • 1 супена лажица рум (алкохол)

Начин на подготовка:

Накиснатите и омекнати индиски ореви ставете ги во сецко/блендер и таму додадете го кокосовото масло. Мешајте 2-3 минутки па потоа додадете ги и другите состојки и продолжете со мешање. Кога ќе добиете хомогена смеса складирајте го намазот во стаклена тегличка и чувајте го во фрижидер. Рокот на траење ако го чувате во фрижидер му е 7 дена.

Овој намаз бидејќи содржи рум (алкохол) не се препорачува за деца под 12 години, но како алтернатива можете наместо рум да додадете 1 супена лажица какао така што ќе подготвите чоколаден намаз од индиски ореви кој ќе биде одличен и за вашите најмлади.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *