Најдобрите намирници за изградба на мускулна маса

Споделете со пријателите

Исхраната е особено важна во процесот на изградба на мускулна маса. Тогаш треба да водите сметка за здравата исхрана и да внесувате доволно протеини во текот на денот односно по  2 грама протеини за 1 килограм телесна тежина.

shutterstock_233300935

Во менито треба да вклучите и сложени и прости јаглехидрати, многу зеленчук и овошје поради витамините и минералите кои тие ги содржат и секако да вклучите здрави масти. На вашето тело му е потребна доста енергија и хранливи материи за да изгради и одржи мускулна маса.

Кои се намирниците кои треба редовно да ги конзумирате?

Јогурт

Содржи полно калциум и витамин Д. Исто така ќе ве снабди и со протеини и пробиотици кои го помагаат варењето на храната и изградбата на мускулна маса.

Мисиркино и пилешко месо

Содржат приближно 10 грама протеини во 40 грама месо. Може да пробате многу рецепти со варено или печено месо, со различен зеленчук и зачини. Телешкото месо е исто така одличен извор на протеини. Содржи и железо, цинк и креатин, што се особено важно за мускулите по ефикасен тренинг.

Јајца

Богати со хранливи материи, јајцата содржат високо квалитетни протеини. Одличен извор на холин кој помага во функцијата на нервниот и на кардиоваскуларниот систем. Содржат и соодветна количина добри масти и витамин Д.

Риба

Рибата е одличен извор на протеини, богата со омега-3 масни киселини и хранливи влакна. Изборот на риба го оставаме на вас.

Грав

Особено црвениот грав е богат со витамини Б, К, Ц, А и мало количество на заситени масти. Имаат високо ниво на протеини и влакна ( до 15 грама влакна и протеини во чаша грав). Гравот ќе ве снабди и сложени јаглехидрати совршени за изградба на мускули.

Путер од кикирики

Вкусен, богат со добри масти и протеини, путерот од кикирики може да го комбинирате и во солена и во блага комбинација.

Јаткасто овошје

Совршената грицка за вашите мускули. Полни со здрави масти, протеини и влакна. Лесно е да ги понесете со себе каде и да одите.

Маслиново масло

Извор на омега-3 масти, кои се важни за одржување на здраво срце, а исто така имаат и анти-инфламаторно дејство.

Спанаќ

Спанаќот содржи калциум и витамини. Помага во релаксација на мускулите и спречува појава на грчеви.

Јаболка

Одлична намирница за после вежбање, одличен извор на едноставни јаглехидрати, електролити и влакна. Јаболките се здрава и практична ужинка.

Банани

Содржат три вида на шеќери кои се совршени за енергија пред вежбањето, но и за после вежбање. Изобилуваат со витамин Б6, витамин Ц, калциум и хранливи влакна.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *