Намирници кои го чистат телото одвнатре

Споделете со пријателите

Црниот дроб е примарен орган за детоксикација на телото. Тој постојано работи во наша корист и врши неутрализација и метаболизирање на штетните супстанци внесени во телото. Една од улогите кои ги има црниот дроб е да ги неутрализира токсините кои постојано ги внесуваме во телото. Кога зборуваме за токсини мислиме и на оние од храната, но и на лековите кои честопати мораме да ги пиеме.

Поради неправилната исхрана и бројните штетни надворешни влијанија од средината продукцијата на токсини во телото е зголемена, со што се зголемува и работата која треба да ја врши црниот дроб. Затоа е неопходно во исхраната да внесуваме намирнци кои имаат моќ да го детоксицираат телото и да му помогнат на црниот дроб полесно да се ослободи од токсините.

Кромид

Алил сулфидите во кромидот ги стимулираат ензимите кои вршат елиминација на токсините од телото полесно да работат. Тие помагаат полесно и побрзо да се неутрализираат сите штетни супстанци внесени во телото.

Цвекло

Бетаинот од цвеклото им помага на клетките на црниот дроб да се ослободат од токсините. Пектините кои исто така ги има во цвеклото ги чистат токсините кои се насобираат во црниот дроб и ги спречуваат наталожувањата на токсините во другите органи.

Хлорела

Ако јадете често конзервирана храна, особено туна и ако сте изложени на радијација и зрачење, во вашето тело се наталожуваат тешки метали како жива, олово и ураниум. Хлорелата благодарение на хлорофилот кој го содржи има својство да се врзува за овие тешки метали и да ги отстранува од телото.

Ленено семе

Не смееме да ја занемариме и важноста на нерастворливите растителни влакна во детоксикација на телото. Лененото семе е одличен извор на влакна кои помагаат во врзување и отстранување на токсините од телото.

Брокули

Присуството на витамин Ц, сулфур и одредени аминокиселини во брокулите ги прави одлично средство за детоксикација на телото. Тие помагаат за отстранување на слободните радикали и токсините од телото и ја прочистуваат крвта.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *