Напиток за слабеење и забрзување на метаболизмот од само 3 состојки!

Споделете со пријателите

Проблемот со забавен метаболизам и вишок килограми е се почест помеѓу луѓето. Причината за тоа е неправилната и нередовна исхрана и седечкиот начин на живот. Секако дека не постојат магични пијалаци од кои ќе слабеете без притоа да се свртите барем малку кон сопственото здравје и да го промените стилот на живот и начинот на исхрана. Но, доколку се решите да внесете одредени промени и сакате што побрзо да го “разбудите” метаболизмот овој напиток е идеално оружје за полесно и побрзо слабеење.

Состојки и начин на подготовка:

  • 2 кесички зелен чај
  • 1 стапче цимет
  • 3 ловорови листа
  • 800 ml вода

Најпрвин ставете ја водата на оган да зоврие, потоа тргнете ја и додадете ги сите состојки. Поклопете и оставете 15 минути да стои, а на крај процедете и складирајте го напитокот во стаклен сад.

Како да го консумирате?

Кога е во прашање метаболизмот најдобро време за негово забрзување е рано наутро, веднаш после будењето. Така што, наутро на празен стомак испијте една чаша од овој напиток. Втората чаша испијте ја веднаш после појадокот, а третата после ручекот.

Сите три состојки од овој напиток се одлични за согорување калории и забрзување на метаболизмот. Сепак секој обид за забрзување на метаболизот и слабеење треба да биде пропратен со урамнотежена исхрана и умерена физичка активност!

Можеби ќе ве интересира: Најдобрите напитоци за детоксикација и намалување на апетитот.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *