Начини како да го подобрите вашиот сон

Споделете со пријателите

Сите се согласни дека спиењето и сонот се многу важни за нормално функционирање на организмот. Без добар и квалитетен сон нема да можеме да функционираме како што треба. Недостатокот на сон може сериозно да го загрози здравјето и да влијае на повеќе аспекти од нормалното функционирање. Ви нудиме едноставни совети за да го подобрите вашиот сон.

Редовен распоред на спиење

Во најголем број случаи, сите имаме определено време на станување според нашите обврски. Некој оди на работа од 7, некој на факултет од 8 и сл. Знаејќи дека ви требаат барем 7 часа сон секоја ноќ, изберете го идеалното време кога треба да одите во кревет и обидете се да го почитувате тоа постојано. На пр. ако треба да се разбудите во 6 часот, веќе во 11 би треба да бидете во кревет.

Не гледајте во екраните од компјутер, телефон и телевизор 30 минути пред легнување и 30 минути после будење наутро

Екраните на модерните електронски уреди емитираат сина светлина која го пореметува циркадниот ритам на нашето тело кој е одговорен за спиењето.

Пред легнување оставете го телефонот подалеку од вашиот кревет за да не можете да го дофатите ако се разбудите во текот на ноќта.

Спијте на ладно

Многу подобро ќе спиете доколку температурата во вашата спална соба е пониска од онаа на која сте навикнати во текот на денот. Иако во лето е тешко да го постигнеме тоа, сепак за време на ладните месеци избегнувајте да ја загревате собата во која спиете.

Внимателно со кофеинот, алкохолот и водата

Доколку сакате добар сон, не пијте кафе барем 6 часа пред да одите во кревет. Кофеинот има полупериод на елиминација од 6 часа, што би значело дека после 6 часа количината на кофеин која сте ја внеле во телото ќе се намали на половина, а за целосна елиминација на кофеинот потребни се 12 часа.

Намалете го внесот на водата непосредно пред спиење за да ја намалите потребата од одење во тоалет во текот на ноќта.

Не пијте алкохол пред спиење. Можеби алкохолот ќе ве опушти и ќе заспиете побрзо но, сонот нема да ви биде квалитетен бидејќи ќе се будите во текот на ноќта.

Спијте на нов и тврд душек

На мек душек тело има неправилна позиција додека спиеме и доколку спиете на мек душек многу е веројатно постојано да имате болки во мускулите и тоа особено во вратот после будење. Спиењето на тврд душек го одржува телото во правилна позиција во текот на ноќта и во голем степен го подобрува квалитетот на спиењето.

Вежбајте во текот на денот

Вежбањето во текот на денот во голем степен го подобрува сонот. Вежбајте минимум 2 часа пред да одите на спење бидејќи за време на вежбањето и неколку часа после тоа се лачат хормони кои прават да се чувствуваме еуфорично.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *