Најголемите грешки при слабеење

Споделете со пријателите

Сите сме слушнале за диети и начини на исхрана кои ветуваат брзо и едноставно слабеење. Постојат многу диети кои се популарни, првенствено поради тоа што не бараат голем напор, а даваат инстант резултати. Таквите инстант решенија во најголем број случаи чинат големи штети по нашето здравје, особено доколку станува збор за подолг временски период.

Пред да се решите на чекорот слабеење размислете два пати дали вашето тело тоа го сака и дали навистина го правите правилниот избор. Еве ги најчестиите грешки кои се прават кога е во прашање брзо слабеење:

Гладување

Гладувањето е распространета метода на слабеење која дава брзи резултати. Во такви ситуации внесот на храна се сведува на минимум, тежината се губи, а телото почнува да се храни од резервите кои ги има во себе. Хранливите материи во почетокот до 50% се користат од мускулното ткиво, што е сосем непожелно затоа што на тој начин не се решава проблемот со вишокот масно ткиво туку телото губи на мускулна маса.  Луѓето кои се решаваат на вакво слабеење изгледат опуштено, незатегнато и испиено.

Мускулната маса или мускулите претставуваат мотор кој го движи организмот и треба да согорува маснотии. Кога вашето тело ќе ги изгуби мускулите, ја губи исто така и способноста за согорување на масното ткиво. Како резултат на тоа штом повторно ќе почнете нриомално да јадете енергијата од храната ќе се складира во масното ткиво, наместо да се согорува од мускулите.

Колку повеќе изгладнувате толку повеќе губите на мускулна маса. Исто така гладувањето предизвикува и губиток на важни минерали кои се одговорни за бројни метаболички процеси во организмот. Губењето на мускулната маса е еден од клучните фактори за појавата на јо-јо ефектот, затоа пред да се решите на диета со екстермно низок внес на храна размислете два пати. Мускулите трошат многу повеќе енергија во споредба со масното ткиво. Гледано на долгорочен план, колку повеќе мускули имате, толку повеќе телото троши, така што  во такви случаи би можеле да си дозволите да јадете повеќе храна без притоа да се плашите дека се ќе се претвори во маснотии.

Модерни диети

Многу од диетите кои се препорачуваат за брзо слабеење се нездрави и не се доволно испитани. Секоја диета која е екстремно богата или сиромашна со јаглехидрати и протеини е опасна. Многу од диетите кои даваат брзи резултати за неколку дена се како резултат на губитокот на вода. Непроверените диети носат ризик од последици и компликации по здравјето.

Остеопороза, губиток на минерали, оштетување на бубрезите, губиток на мускулна маса се само дел од ризиците кои ги носат модерните диети. Кога ќе се решите на некој екстремен начин на исхрана кој ветува брзи резултати правете го тоа под надзор на нутриционист или лекар. Сепак во име на сопственото здравје изберете здрав начин на слабеење, кој ќе се одвива поспоро и нема да ви го уништи здравјето, туку ќе ви го подобри. Внесете промени во исхраната и започнете  со некоја активност, тоа е најсигурен начин до успех без последици. Слабејте по 2 кг месечно што е  прифатливо и не претставува шок за организмот.

Користење таблети и шејкови за слабеење

Таблетите за слабеење како и шејковите кои ветуваат брзи резултати нетреба да се земаат на сопствена рака. Повеќето вакви препарати делуваат на ниво на хипоталамус (во мозокот) и го намалуваат чувството за глад или содржат големи концентрации на јод кој е прекурсор за синтеза на тироидни хормони одговорни за метаболизмот во телото. Пореметувањето на метаболичката хомеостаза во организмот може да предизвика сериозни оштетувања и пореметувања.

Користење на облека со “сауна ефект”

Иако оваа метода не припаѓа во групата на опасни диети, сепак е многу нездрава. Всушност носење повеќе облека за време на физичка активност и користење на облека со “сауна ефект” нема да ви помогнат побрзо да ги намалите килограмите и да го стопите масното ткиво.  Многу луѓе облекуваат неколку словеви облека и намаерно трчаат на +30°С, што како последица носи дехидратација на организмот и ризик од топлотен удар. Ова може да доведе до сериозно нарушување на здравјето. За вежбањето да биде пријатно потребно е да бидете лесно облечени.

3-Reasons-To-Stop-Dieting-Immediately-

Заклучок

За да бидете здрави и фит, хранете се здраво и бидете физички активни. Нека физичката активност ви стане составен дел од животот. Направете така и ќе видите дека вашите килограми ќе дојдат во нормала и ќе останат таму.

Слабејте полека и сигурно и размислувајте пред се за своето здравје! 

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *