Неколку (непишани) правила за однесување во теретана

Споделете со пријателите

Теретаната е едно од местата каде луѓето може да се опуштат, да заборават на секојдневните грижи и да направат нешто корисно за своето тело. Особено ако сте нов член во некоја теретана придржувајте се до следните правила на однесување со цел да го направите вашето, но и вежбањето на останатите поудобно.

Exercise-Routine

1. Не скокајте од справа на справа

Една од најлошите нешта кои може да ги направите во теретана е да користите некоја справа или некој реквизит кратко, а потоа веднаш да преминете на друг, па веднаш и на трет и така натаму…  Многу од секојдневните посетители на теретаната вежбаат по специфичен програм и секако ќе бидат изнервирани ако сите справи ги зафаќате цело време.

Затоа, користете една справа барем одредено време, што ќе биде поефикасно и попродуктивно и за вашето вежбање.

2. Избришете ја опремата кога сте готови со вежбање

Ако имате тенденција многу да се потите, избришете ја површината на справите по нивна употреба. Навистина е непријатно ако зад себе оставате мокра справа или реквизит. Исто така, бактерии и болести лесно се пренесуваат преку пот, така што постојано треба да носите пешкир со себе.

3. Туширајте се и пред да одите во теретана

Ништо не е полошо од тоа да вежбате напорно, да бидете без здив и кога конечно ќе вдишите- личноста пред вас ги крева рацете, а вас се „опива“ нејзиниот мирис. Затоа, пред да одите во теретана, секогаш бидете истуширани и ставете антиперспирант. Сами ќе се чувствувате многу непријатно ако некој ви каже дека мирисате лошо, па затоа водете сметка за својата хигиена.

4. Не зборувајте премногу гласно

Сите знаеме дека теретаната не е место каде може да очекувате потполна тишина. Сепак, водете сметка дали личноста со која разговарате е во ваша близина. Многу е тешко да се концентирате на подигнување тегови ако личноста покрај вас одненадеж почнува гласно да зборува за тоа како си поминала на одмор или каков автомобил купила. Ако имате желба да разговарате, тоа направете го тивко.

5. Не флертувајте со секоја личност од спротивниот пол

Ова можеби ќе ве изненади, но најголем број на луѓе доаѓаат во теретана за да вежбаат. Ако некој има слушалки на ушите, тоа е јасен знак дека сака да ја оставите на мира. Затоа, оставете го својот најдобар „флерт“ за друго место. Додека се во теретана, луѓето сакат да ги оставите на мира. Секогаш бидете свесни и дека паровите можеби одат заедно во теретана и дека нивните партнери/партнерки се во близина, па веројатно нема да бидат среќни за вашата „дружељубивост“. Зошто да ризикувате?

6. Немојте да им сметате на оние кои прават вежби пред огледало

Некои луѓе мислат дека единствената причина зошто огледалата постојат во теретана е луѓето  да се восхитуваат на својот изглед. Но, огледалата имаат една многу важна намена- тие овозможуваат да видиме дали вежбите ги правиме правилно, така што би било добро да поминувате или да стоите пред некој кој пред огледалото користи одредена справа или реквизит.

7. Одберете вистински момент за поставување прашања

Ако сакате да дознаете како одредена вежба треба да ја направите, барем почекајте личноста пред вас да го заврши својот сет вежби. Постојат многу луѓе во теретана, кои со задоволство би ви помогнале, но не прашувајте премногу, бидејќи луѓето го ценат своето време и доаѓаат во теретана само за вежбање.

8. Не испуштајте ги теговите од висина

По вежбањето со тегови, многу луѓе едноставно ги фрлаат на под, така што цела теретана ги чувствува вибрациите и звукот. Ова не само што е непријатно поради буката, туку може да биде и опасно, бидејќи може да се повредите себеси или да повредите некој друг. Иако можеби сакате да покажете колку cool вежбач сте, сепак, оставете ги теговите полека и на соодветно место.

9. Не ги заморувајте боди билдер(к)ите  со прашања за стероиди

Оние кои се занимаваат со бодибилдинг и имаат совршено извајани мускули прилично не сакаат кога луѓето ги прашуваат какви стероиди користат. Немојте автоматски да претпоставувате дека тие земаат некои илегални стероиди. Многумина од нив го изградиле своето тело со напорно вежбање. Токму поради тоа може да бидат навредени ако некој верува дека тие користат стероиди, иако за нивниот одличен изглед стои само навистина напорни и тешки тренинзи.

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *