Започнете го денот здраво и така ќе бидете мотивирани да се храните здраво преку целиот ден. За појадок внесувајте храна која ќе ви даде енергија, храна богата со хранливи нутритиенти кои го будат и дигестивниот тракт, но и умот.
Овесна каша е секогаш добар избор, а еве и зошто:
- го намалува нивото на холестерол
- го регулираат нивото на шеќер во крвта
- го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2
- го помага слабеењето
- го зголемува имунитетот
- го намалува ризикот од појава на канцер.
Ако ова беше доволно за да ве убедиме, еве го предлогот за денес:
Овесни снегулки со семиња и јаболко
Потребни состојки:
- 4 супени лажици овесни снегулки
- 200 ml млака вода или некое растително млеко (рецепт како да си подготвите сами)
- 2 супени лажици мелена мешавина од лен, сусам, семки од тиква и семки од сончоглед
- мала лажичка мед
- 1 рендано јаболко
- малку цимет (по желба).
Начин на подготовка:
Со млаката вода или со растителното млеко потопете ги овесните снегулки, потоа додадете ја мешавината од семиња, медот, ренданото јаболко и на крај циметот. Измешајте убаво и оставете 15 минути да постои. Тоа е доволно време овесните снегулки да ја впијат течноста.
Уживајте во утрото!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.