Здрави палачинки со банана и овесни снегулки

Споделете со пријателите
Палачинките се омилен десерт на кој неможат да одолеат ни децата, а ни возрасните. Но, што мислите за една здрава и многу брза варијанта на палачинки?

Потребни состојки:

  • 1 зрела банана
  • 1 чаша млеко или јогурт (може кравјо, но може и бадемово или кокосово)
  • 2 чаши овесни снегулки (поубаво е да бидат мелени, можете да ги иситните во блендер)
  • 1 јајце
  • 1/2 лажичка сода бикарбона или малку пециво
  • 1 супена лажица кокосово масло или маслиново
  • ванила вкус (по желба)

whole-wheat-banana-pancakes-1

Начин на подготовка:

Во блендер избленирајте ја бананата, млекото и овесните снегулки. Потоа додадете го јајцето и сода бикарбоната и повторно блендирајте. Ако се одлучите за ванилата и медот ставете ги, па продолжете со блендирање уште неколку секунди. На тавче што не лепи ставете од кокосовото масло и убаво загрејте го, па потоа испржете ги палачинките на стандарден начин.

За побрзо можете да ги правите и на тостер.

Послужете ги со домашен џем од малини и јагоди или со чоколаден путер од бадеми во комбинација со свежо сезонско овошје.

На здравје!!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *