Овие мини мафини се одлични вкусни залчиња за појадок, ручек или вечера. Да ве потсетиме зошто е важно да јадете киноа, особено во една вака вкусна комбинација.
Потребни намирници:
- ¾ чаша киноа
- 2 јајца
- 2 белки од јајца
- 1 порција рендани тиквички
- 1 порција козјо сирење (или сирење по ваш избор)
- половина чаша сечкан магдонос
- 2 лажици пармезан
- сол и бибер
Начин на подготовка:
Ставете ја киноата на оган да се вари, околу 15-20 минути. Откако ќе биде сварена, измешајте ја киноата, јајцата, белките од јајца, тиквичките, сирењето , магдоносот и пармезанот во еден голем сад. Мешајте со мешалка додека не добиете еднолична смеса и додадете малку сол и бибер.
Од добиената смеса истурете во тавче за мафини. Од оваа смеса ќе добиете околу 6 мафини.
Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени и печете 30 минути. Овие мини мафини може да ги послужите топли или ладни, со јогурт, кисело млеко или со зеленчук по ваш избор.
Уживајте!
Можеби ќе ве интересира:
Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.