7 предности од ладното туширање

Споделете со пријателите

Дали имате хронично ладни нозе, или пак премногу се потите? Ладниот туш може да ви помогне. 

Дали сте спремни за нова здрава утринска рутина? Ладниот туш има долга традиција низ времето и тоа со добра причина. Иако туширањето со топла вода е попријатно, ладната вода може да ви обезбеди бројни здравствени предности.

Германски научници откриле дека луѓето кои секојденевно се тушираат по 2 минути со ладна вода многу поретко страдаат од настинка, споредено со оние кои се тушираат со топла вода. Сето тоа е како резултат на зголемување на имунитетот кај љубителите на ладниот туш.

Летниот период е вистинско време да го искусите ладното туширање. Прочитајте ги предностите.

Fotolia_92181398_Subscription_Monthly_M-825x340

1) Го зајакнува имунитетот

Ладниот туш има навистина голем ефект врз имунитетот. Едно истражување спроведено во Прага на млади спортисти кои 3 пати неделно во текот на шест месеци се туширале со ладна вода од 14°С покажало дека по овој период бројот на нивните бели крвни клетки бил зголемен, и тоа особено бројот на лиимфоцити и моноцити кои се одговорни за уништување на различни патогени.

2) Ја подобрува циркулацијата

Најизменично туширање со топла, па со ладна вода е одлично за подобрување на цируклацијата. За време на ладен туш работата на срцето се зголемува исто како при вежбање. При допир на мускулите со ладната вода, тие се контрахираат. Контракцијата на мускулите и раздвижената крв низ телото допринесуваат до поголем проток на крв низ мускулите и исфрлање на токсините од телото.

3) Ја регулира температурата на телото

Ладниот туш предизвикува благ стрес на телото, при што телото се труди да ја зголеми сопствената температура. Оваа сосотојба се нарекува термогенеза, односно создавање на топлина. Доколку имате хронично ладни раце и нозе или премногу се потите, пробајте почесто да се туширате со ладна вода. Внатрешното зголемување на температурата кое настанува како резултат на ладната вода го забрзува метаболизмот, што од друга страна согорува повеќе калории и може да биде ефикасно доколку сакате да намалите килограми.

4) Го подобрува дишењето

Ако одреден период практикувате ладен туш, ќе забележите дека ќе започнете подоблако да вдишувате. За време на ладниот туш доаѓа до продлабочување на дишењето, тоа е природна реакција на телото при стрес, во овој случај предизвикан од ладната вода. Во такви ситуации на телото му треба повеќе кислород, за да може да генерира топлина. Забрзаното дишење ги активира белите дробови што гледано на долгорочен план го зголемува внесот на кислород во телото дури и при мириување. Тоа значи помалку замор и поголема издржливост при извршување на физички активности.

5) Ги прави вашата кожа и коса поубави

Топлата вода ја суши и косата и кожата, додека ладната вода прави кожата и косата да изгледаат поздраво и посјајно. Ладната вода ја поттикнува детоксикацијата на телото и помага во изфрлање на токсините од телото.

6) Ја зголемува енергијата

Ладниот туш ја зголемува енергијата со тоа што ја подобрува циркулацијата и го продлабочува дишењето. Ладниот туш ќе ви помогне наутро многу лесно да го активирате телото и да го започнете денот свежи и полни со енергија.

7) Го зајакнува карактерот

Ладниот туш не е пријатен (на почетокот), затоа ретко кој го практикува. Но, токму упорноста секој ден да се борите против тоа непријатно чувство ќе има најголемо влијание врз вашиот карактер. Слично како и со вежбањето, не е пријатно чувството додека ги тестирате границите на вашето тело, но тоа ве прави посилни. Истражување направено во САД покажало дека ладната вода го зголемува производството на норадреналин, кој има антидепресивни свосјтва.

Понекогаш малите нешта и промени во секојдневните навики можат да ни го направат животот поубав. Направете нешто убаво за себе, зачинете го утринското кафе со ладен туш и зачекорете низ секојдневните обврски со широко отворени очи и полни со енергија !!!

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *