Кои се придобивките од утринскиот тренинг?

Споделете со пријателите

Утринскиот тренинг е одличен начин да го разбудите телото, да го забрзате метаболизмот и да добиете доза позитивна енергија која ќе ја чувствувате преку текот на целиот ден. Доколку работните обврски ви дозволуваат да вежбате наутро, воопшто не се двоумете. Прочитајте ги 5-те најголеми придобивки од утринскиот тренинг.

1) Будење на телото и забрзување на метаболизмот

Утринскиот тренинг е одличен начин да го започнете денот. Доколку вежбате наутро ќе го забрзате метаболизмот и ќе ја зголемите потрошувачката на калории во текот на денот. Сето тоа било докажано и со една студија во која учесниците биле поделени во 2 групи: половина од нив имале утрински тренинг, другата половина не. Тие што вежбале трошеле дополнителни 190 калории во текот на следните 14 часа, споредено со тие кои не биле активни.

2) Ќе консумирате помалку калории во текот на денот

Логично е да си помислите дека после согорувањето на повеќе од 500 калории во утрото, потоа цел ден ќе имате изговор да консумирате повеќе храна од што ви е потребно. Но неодамнешна студија од страна на универзитетот Birgham Young го докажала токму спротивното. Била набљудувана и споредена мозочната активност на жени додека гледале во слики од вкусна храна. Притоа испитаниците биле поделени во две групи, една група со утрински тренинг од 45 минути, а другата без никаков тренинг. Резултатите покажале дека првата група со утринскиот тренинг покажале помала мозочна активност во делот за задоволство додека гледале во сликите од вкусна храна. Ова уште еднаш ја покажува улогата на вежбањето како регулатор на апетитот. Доколку вежбате во утрото, оваа контрола врз апетитот ќе ја чувствувате преку целиот ден.

3) Полесно ќе се ослободите од вишокот килограми

Доколку вашата цел е да го намалите вишокот килограми, тогаш вежбањето наутро на празен стомак е нешто што најбрзо ќе ве донесе до вашата цел.

Истражувањата кои се направени до сега покажуваат дека доколку вежбате на празен желудник во утринските часови, можете да согорите до 20% повеќе масти. Ваквите вежби се ефикасни заради тоа што телото наутро ги користи мастите како извор на енергија, што ви дава можност полесно да се ослободите од нив.

4) Повеќе енергија во денот

Вежбањето наутро го буди телото и ви дава енергија многу подобро отколку што тоа го прави кафето. Утринските вежби се вистински извор на енергија кои освен што ќе ви ја подобрат физичката кондиција, подеднакво ќе ви го подобрат и менталниот фокус. После утринскиот тренинг ќе се чувствувате исполнети и ќе бидете спремни полесно да одлучувате и многу полесно да се концентрирате. Постојат студии кои потврдуваат дека утринскиот тренинг ги подобрува двојно повеќе когнитивните способности отколку што тоа го прави кафето.

5) Подобар сон

Утринскиот тренинг освен што ќе ви даде енергија за целиот ден, дополнително има уште една предност, а тоа е дека ќе имате подобар сон. Доколку вежбате наутро, вашето тело ќе ужива во слаткиот замор на крајот од денот и ќе биде подготвено да спие. Една неодамнешна студија направена на испитаници кои вежбале во 7 часот наутро и испитаници кои вежбале во 13.00 часот на пладне, потврдила дека тие кои вежбале рано наутро многу полесно заспале и имале многу подолги и подлабоки циклуси на спиење.

Вежбањето доцна навечер може негативно да влијае на вашиот сон затоа што тренингот на еден начин претставува стрес за телото, па тоа започнува да лажи хормони на стрес (адреналин) кои  можат да го нарушат сонот.


Доколку конечно сакате да започнете да вежбате, ама не знаете каде, тогаш посетете го нашето студио.

Лоцирани сме на две локации во Скопје: Козле и Кисела Вода и нудиме широка програма со многу активности (степ аеробик, микс аеробик, мат пилатес, кардио пилатес, пилатес топка, утрински пилатес и уште многу други).

Ви ветуваме одлична мотивација и загарантиран успех.

За повеќе детали, уписи и резервации побарајте не на телефон 071 273 982.

FITLIFE STUDIO 

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *