Пролетен здрав ручек – Коприви со ориз

Споделете со пријателите

Внесете нешто интересно во вашето пролетно мени на готвење здрава храна. Коприви со ориз – зошто да не?

Потребно ви е 200 до 300 грама свежа коприва, едно врзопче млад кромид, малку лукче, сол, црн бибер, 150 грама ориз и 30 ml масло.

Подготовка:

Најпрво младите коприви се мијат и се оставаат да постојат во ладна вода 10-тина минути, (особено ќе биде добро доколку сами сте ги береле (ако е можно), бидејќи ќе знаете колку се чисти), потоа се преливаат со вода што врие, па се цедат. Во меѓувреме, на масло се пропржува ситно насечканиот кромид и се додава измиениот ориз. Доволни се само 2 минути пржење,  пототоа ги додавате црниот бибер, лукчето и солта и залевате со 200 ml вода. Се остава на ниска температура да крчка,  па на крај се додаваат уште околу 200 ml вода. Кога оризот сосем ќе омекне, а притоа ќе остане уште малку вода, додадете ја ситно насечканата коприва и размешајте убаво. Гответе уште 5 минути дури целата вода не испари и ручекот е готов за сервирање. Одличен прилог со ова јадење е кисело млеко.

Лесно и брзо за готвење, едноставно, а хранливо пролетно задоволство.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *