Сигнали кои алармираат на недостаток на витамини во телото

Споделете со пријателите
Нашето тело е толку “сложена” и “паметна” машина која на разни начини може да ни сигнализира кога нешто не е во ред. Исхраната на современото живеење е полна со додатоци од типот на конзеравси, адтиви и бои, а се по сиромашна со храниливи нутритиенти. Таквата исхрана може да предизвика пореметување во апсорпцијата на важните витамини и минерали во телото. Во продолжение прочитајте кои се најчестите сигнали кои алармираат на недостаток на витамини во телото.

Испукани краеви на усните

Испукана кожа, црвенило и чувство на печење на краевите на усните можат да бидат знак за недостаток на железо, цинк, витамин Б или витамин Ц. Најчесто овој недостаток се јавува кај вегетарјанци и вегани. За да го решите или избегнете овој проблем јадете повеќе месо, риба, јајца, сирење, јаткасти плодови и леќа. Апсорпцијата на железото се зголемува со внес на витамин Ц, така што горенаведените продукти комбинирајте ги со зеленчук како брокула, кељ, спанаќ и сл.

usni

Поткожни акни/мозолчиња

Црвени и болни поткожни акни или мозолчиња кај повозрасни луѓе можат да бидат знак на хормонска нерамнотежа, но често пати се и знак за недостаток на есенцијални масни киселини, односно витамин А и витамин Д. Решение е внес на храна богата со овие витамини како риба, морски и јаткасти плодови, а избегнување на храна богата со рафинирани шеќери и конзерванси. Додајте во исхраната ленено семе, моркови, компир, црвена пиперка, бадеми, лешници, индиски ореви, бразилски ореви и сл.

Осип на скалпот, лицето или опаѓање на косата

Осипот или црвенилото кои обично се јавуваат на скалопот, на лицето или пак зголемено опаѓање на косата можат да бидат знак за недостаток на витамин Б7 или биотин. Телото може да ги складира липосолубилните витамини како што се витамин А, Д, Е и К и од нив скоро секогаш чува одредени резерви. Но, бидејќи витамин Б7 е хидросолубилен телото многу тешко го складира бидејќи секој вишок се лачи преку урината. Биотинот се наоѓа во намирници како јајца, авокадо, печурки, ореви, малини и банани.

hair

Трнење на рацете и нозете

Чувство на вкочанетост, повремено губење на чувството на допир, трнење на рацете или нозете можат да бидат знак за недостаток на фолна киселина (витамин Б9), но и на витамин Б6 и витамин Б12. Недостаток на овие витамини може да предизвика и анксиозност, анемија, депресија и замор. За да внесете што повеќе од овие витамини секојдневно јадете повеќе спанаќ, грашок, јајца, морски плодови, месо, овесни снегулки и сл.

Грчеви во мускулите

Грчевите во мусклите се знак за недостаток на магнезиум (прочитајте повеќе), калиум или калциум. Ако овие симптоми се јавуваат често, тоа е знак на хроничен недостаток кој неможе да се реши само со исхрана, туку се потребни и дополнителни додатоци во исхраната кои ги содржат овие важни минерали. Исто така доколку тренирате редовно имате зголемени потреби за магнезиум. Јадете повеќе банани, бадеми, лешници, тиква, јаболки, брокули и зелен лиснат зеленчук.

Можеби ќе ве интересира: 10 намирници најбогати со калиум покрај бананите.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *