30 дневен смути предизвик – Ден 10

Споделете со пријателите

30 дневен смути предизвик.

Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 10

Детокс смути со грејпфрут и аронија

Грејпфрут е едно од најдобрите овошја за детоксикација. Помага во прочистување на вашата кожа, а од друга страна големото количество на вода во него помага во исфрлување на токсините од телото. Грејпфрутот е богат со растителни влакна кои ќе ви помогнат да го прочистите дигестивниот тракт. Аронијата е овошје со најмногу антиоксиданси од сите бобинки. Во ова смути ќе додадеме и неколку листови спанаќ како храна полна со витамини К, А и Ц.
Во смутијата за детоксикација се обидуваме да не користиме засладувачи или сушено овошје, затоа ова смути ќе го засладиме со додавање на банана.

Напомена: Бидете внимателни со грејпфрутот затоа што стапува во интеракција со многу лекови. Ако во моментот примате лекови, детално прочитајте го упатството или консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Што ви е потребно ?

  • 1 грејпфрут (можете да го искористите цел или само да го исцедите сокот)
  • 1 банана
  • 10тина зрна аронија
  • 5 листови спанаќ (секогаш бирајте млади листови спанаќ)

Како да подготвите ?

Ставете ја водата во блендерот и додајте ги грејпфрутот и бананата. Потоа додете ја аронијата и на крајот листовите спанаќ. Уживајте 🙂

Дарко Колев

Долгогодишен спортист , маратонец, зависник од теретана и активен животен стил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *