Едноставни трикови и вежби за подобро функционирање на тироидната жлезда

Споделете со пријателите

Тироидната жлезда е една од најважните енднокрини жлезди во нашиот организам и затоа нејзиното здравје е многу важно за правилно метаболичко функционирање. Процентот на луѓе кај кои се јавуваат одредени облици на пореметување на оваа жлезда во нашата земја се повеќе и повеќе се зголемува. Загрижувачки е фактот што ова пореметување ги напаѓа се почесто и младите и тоа особено женските лица.

Дали и вие можеби имате проблеми со тироидната жлезда?

Познато е дека за лекување на тироидната жлезда помагаат продукти богати со јод како алгите, морската риба и морските плодови, оревите и сл. Но, покрај овие намирници како и стандардната хормонско заменска терапија, постојат и вежби и трикови кои можат многу да помогнат во подобрување на функционирањето на овој значаен орган.

Чекор 1: Истријте ги дланките една од друга за убаво да се загреат. Топлите дланки ставете ги на пределот каде што се наоѓа тироидната жлезда и така држете 5-10 минути.

Чекор 2: Три пати последоватено голтнете ја плунката и напијте се три голтки вода.

Чекор 3: Вдишете длабоко и додека издишувате наведнете ја главата нанапред и силно притискајте ја брадата врз градниот кош. Држете така неколку секунди без дишење. Кога ќе почнете повторно да вдишувате носете ја главата наназад силно стегајќи го вратот, потоа пробајте долната вилица да ја затегнете и да ја однесете понапред пред горната. Повтортете го тоа неколку пати и потоа издишувајќи повторно спуштете ја брадата врз градите. Целото ова движење повторете го барем 5 пати.

Чекор 4: Спуштете ја брадатат врз градите како во претходната вежба и во таа положба полека и нежно вртете ја главата налево, па надесно притоа не одвојувајќи ја брадата од градите. Со оваа вежба вршите одлична масажа на тироидната жлезда.

Чекор 5: Главата подигнете ја со земање воздух, а спуштајќи ја издишувајте. Ова поторете го 10 пати.

Чекор 6: Кога се туширате користете ја техниката тополо-ладно. Пуштете млаз топла вода и оставете да тече и да ви ја затоли тироидната жлезда, потоа пуштете ладна вода и оставете да тече неколку секунди. Менувајте топло ладно неколку пати. Овој трик е одличен за потикнување на циркулацијата на жлездата и помага во подобрување на нејзиното функционирање.

За стимулирање на тироидната жлезда помага и акупунктура – со притискање на точките на телото како што е прикажано на видеото.

Ќе ве интересира:  Која храна е добра, а која лоша за вашата тироидна жлезда?

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *