Утринско освежување: Овошна салата со јогурт

Споделете со пријателите

Овошје за појадок е секогаш добар избор !!!

Без разлика на годишното време, овошна салата можете да јадете секогаш. Овошната салата е здрава, полна со минерали и витамини кои се одлични за будење и добар почеток на денот. Доколку додадете и јаткасти плодови или малку семиња, го обезбедувате телото со дополнителни омега-3 масни киселини кои ќе ви дадат енергија.

Секогаш бирајте сезонско овошје! Овошна салата можете да подготвите со било кое овошје кое го имате дома. За денес споделуваме со вас една интересна рецепта на овошна салата, која повеќе наликува на овошен јогурт.

Одлична комбинација за повеќе енергија во текот на целиот ден!

Потребни состојки за две порции:

  • 1 банана
  • 1 портокал
  • 1-2 кругчиња ананас
  • 1 кива
  • неколку бадеми, ореви или лешници (по желба)
  • неколку семки од тиква
  • 200 ml јогурт
  • 2 мали лажички мед
  • сува брусница, суви сливи или суви кајсии (по желба)
  • малку цимет

Начин на подготовка:

  1. Овошјете убаво измијте го и насечкајте го на ситни коцки.
  2. Измешајте го во еден подлабок сад заедно.
  3. Потоа во садот во кој планирате да го послужите ставете еден ред од овошјето, па малку јаткасти плодови и прелијте со малку јогурт, потоа врз јогуртот повторно ставете од овошјете, а врз овошјето ставете малку од сувото овошје.
  4. Прелијте со уште малку јогурт и со мед, а на крај наросете со малку цимет.
  5. Оставете ја овошната салата 10 минути, за овошјето да пушти сок, па потоа добро измешајте.

Уживајте во утрото!!! На здравје!!!

Можеби ќе ве интересира:

Полна чинија здравје – високо хранлив појадок за енергичен ден

5 лесни рецепти за здрав сендвич за појадок 

Идеи за појадок во чаша

Како да подготвите вкусна овесна каша?

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *