Хлорела – за детоксикација и појак имунитет

Споделете со пријателите

Хлорелата претставува сино-зелена алга слична на спирулината. Нејзината богата зелена боја потекнува од големата количина на хлорофил. Експертите за здрава храна секогаш препорачуваат да се јаде поголема количина на зелени зеленчуци токму поради хлорофилот, но тешко е секојдневно да се консумираат 5-7 порции зелени салати. Хлорелата е далеку посупериорна во нутритивен поглед споредено со повеќето овошја и зеленчуци. 3 лажици хлорела содржат 202% од дневната препорачана доза на железо, 22% од  магнезиум, 133% од цинк, 287% од витамин А, 71 % витамин Б2 и 33% од витамин Б3. Имајќи ги во предвид овие факти јасно е зошто хлорелата се вбројува помеѓу 10те најздрави храни во светот. Оваа алга можете да ја најдете во сите подобро снабдени продавници за здрава храна во прашкаста форма, но исто така присутна е на пазарот и во форма на таблети кои се продаваат како додатоци во исхрана. Прочитајте зошто би требало да ја вклучите во вашата секојдневна исхрана.

Chlorella-Powder

1) Детоксикација од тешки метали

Ако јадете често конзервирана храна, особено туна и ако сте изложени на радијација и зрачење, во вашето тело се наталожуваат тешки метали како жива, олово и ураниум. Хлорелата има својство да се врзува за овие тешки метали и да ги отстранува од телото.

2) Детоксикација на телото од радиотерапија и хемотерапија

Радиотерапијата и хемотерапијата кои се најчестите методи за лекување рак имаат многу несакани ефекти по здравјето . Високото ниво на хлорофил во хлорелата го заштитува телото од ултравиолетовото зрачење од хемотерапијата и помага во отстранување на радиоактивните честички од телото.

3) Го зајакнува имунитетот

Во студија која траела 8 недели, кај пациенти кои земале хлорела забележано е зголемено ниво на NK (Natural killer cells) клетки во телото. Овие клетки имаат одбранбена улога и пред се го штитат телото од вирусни инфекции.

4) Помага во намалување на вишокот килограми

При слабеење, нашето тело ослободува големо количество токсини. Дел од овие токсини можат повторно да се реапсорбираат во телото. Својството на хлорелата да се врзува со токсините помага во нивно отстранување при слабеењето. Дополнително оваа алга влијае врз регулација на нивото на холестерол и на нивото на шеќер во крвта.

5) Помага да изгледате помладо

Големата количина на витамини  А, Ц и Е во хлорелта помага во намалување на оксидативниот стрес во телото предизвикан од лоша исхрана, стрес и загадување. Со консумирање една лажичка дневно можете да забележите резултати на вашето лице за само две недели.

6) Се бори против ракот

Хлорелата се бори против ракот на повеќе начини. Превентивно со тоа што го зајакнува имунитетот, потоа со отстранување на токсините и тешките метали од телото. Исто така кај луѓе кои веќе имаат рак, ги зајакнува Т-клетките кои се борат против ракот. Кај оние кои веќе примаат хемотерапија, хлорелата помага во намалување на штетниот ефект кој го предизвикува оваа терапија.

Препорачана дневна доза и мерки на претпазливост

Не постои дневна дефинирана доза, но се  препорачува да консумирате 3 грама на ден (околу половина мала лажичка). Бремени жени и доилки се препорачува да ја употребуваат хлорелата внимателно и да ги следат советите на своите лекари, бидејќи ефектите од хлорелата не се проучени за овие две групи. Внимание треба исто така да се обрне и кај лица кои се чувствителни или алергични на јод и имаат одредени пореметувања со тироидната жлездаЛица кои користат антикоагуланти (лекови против згрутчување на крвта) се препорачува комплетно да ја избегнат употребата на хлорелата или да ја употребуваат внимателно и да ги следат советите на своите лекари, бидејќи некои додатоци во исхраната кои содржат хлорела содржат високи количини на витамин К, кои може да влијаат на инхибиција на згрутчувањето на крвта.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *