Која храна би требало да ја јадете за да го подготвите телото за сончање?

Споделете со пријателите

Припремата на кожата за сончање е особено важна затоа што штетните УВ зраци предизвикуваат оштетувања на кожата кои можат да остават последици врз неа со години, па дури и да предизвикаат меланом. Храна богата со омега-3 масни киселини, витамин А и Д ја поттикнува регенерацијата на кожата и и дава природен сјај и еластичност. Особено е важно неколку недели пред изложување на сонце полека да започнете да ја подготвувате кожата со внесување намирници кои пред се ги содржат горенаведените витамини.

1) Млечни проиводи (млеко, јогурт, сирење)

Млечните производи ја хранат кожата и се многу важни затоа што содржат витамин А во облик кој телото може веднаш да го искористи. Овој витами е идеален за заштита, регенерација и хранење на кожата.

2) Лосос

Oваа риба изобилува со омега-3 масни киселини кои ќе ви помогнат во регенерирање на кожата и ќе ви помогнат во рамномерно потемнување. Лососот ќе ви помогне да го намалите ризикот од појава на црвенила на кожата.

3) Кокосово масло

Oва масло е подеднакво ефикасно и здраво и за конзумирање но, и за надворешна употреба. Содржи витамин Е кој е одличен за кожата и помага за хранење и регенерација.

4) Интегрални житарици 

Без житарици кожата нема да биде здрава. Наместо рафинирано бело брашно изберете помалку преработени, интегрални житарици кои ја подобруваат работата на цревата со што помагаат за полесно отстранување на вишокот токсини во телото. Сето тоа позитивно влијае на здравјето на кожата.

5) Моркови и домати

Полни се со бета-каротен кој е прекурсор на витамин А. Овој витамин има докажано дејство врз здравјето на кожата. Бета-каротенот ја штити кожата од опасните УВ зраци од Сонцето, па затоа е корисно да се зема бета-каротен, неколку недели пред изложување на Сонце.

Освен исхраната која е особено важна за изгледот на кожата, не заборавајте дека при изложување на Сонце телото би требало да го заштитите и со средства за заштита од Сонце. На пазарот има многу опции за вакви средства кои нудат УВА и УВБ заштита. Сепак подобар избор се природните масла во кои нема дополнителни хемикалии кои можат да и наштетат на кожата, а исто така и да предизвикаат алергиски реакции.

Во прилог табела со SPF (Sun Protection Factor) вредности на природни масла кои можат да помогнат во заштита од опасните УВ зраци при изложување на Сонце.

organic-avocado-oil

масло од семе од малини

(SPF 28 до 50)

масло од морков

(SPF 25 до 50)
масло од лешник

(SPF 10 до 30)

масло од пченични никулци

(SPF 20)

соино масло

(SPF 10)

масло од јојоба

(SPF 4)

масло од сусам

(SPF 2 до 4)

кокосово масло

(SPF 2 до 8)

маслиново масло

(SPF 2 до 8)

масло од авокадо

(SPF 4 до 15)

рицинусово масло

(SPF 6)

масло од бадем

(SPF 5)

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *