Хранлива маска за лице

Споделете со пријателите

Ефектот од оваа маска е видлив уште по првото нанесување. Веднаш ќе почуствувате дека кожата ви е помека и посвежа. Квасецот е намирница која изобилува со протеини, олигоелемени и витамини и тоа особено витамини од групата Б.
За да почувствувате максимален ефект практикувајте ја оваа природна маска барем еднаш неделно.

Потребни состојки:

  • 1/2 коцка свеж квасец или 1 супена лажица сув
  • 1 лажица вода
  • неколку зрнца шеќер

Начин на подготовка:

Состојките се мешаат дури не се соединат и смесата се остава да стои 5 минути,  потребно е смесата да биде густа за да може лесно да се нанесува на лицето.

Пред да ја нанесете маската на лицето за да се зголеми ефектот од истата, направете си пилинг на  лицето така што ќе помешате мала лажичка сол и лажица маслиново масло. Со оваа смеса измасијате го целото лице и на крај  исплакнете со топла вода. Потоа нанесете ја маската на лицето и чекајте дури квасецот не се исуши, па повторно измијте го лицето со топла вода.

Ефектот од хранливоста на оваа маска е видлив веднаш! Задолжително испробајте 🙂 

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *