Печени филети ослич со салата

Споделете со пријателите

Печена риба и салата е одличен предлог за вкусен и лесен ручек, но и за вкусна и лесна вечера.

Потребни состојки (за 2 лица):

  • 2 филети ослич (ако се помали може и 4)
  • 1 лажица маслиново масло
  • сок од ½ лимон
  • ½ лажичка хималајска сол
  • ½ лажичка лук во прав
  • ½ лажичка куркума
  • малку црн бибер
  • 2-3 гранчиња рузмарин (по желба, ако го сакате вкусот на рузмарин)
  • зелена салата по избор (комбинација од марула, спанаќ, рукола, младо кромитче, магдонос и сл.).

Начина на подготовка:

Во мал сад заедно измешајте ги маслиновото масло, сокот од лимон и зачините. Со оваа маринада убаво прелијте ја рибата. Од страна во плехот во кој ќе ја печете ставете ги гранчињата рузмарин. Вклучете ја рерната на 180-200°С и печете 30-40 минути. Доколку сакате рибата да биде повеќе запечена можете и повеќе.

На крај направете си зелената салата по ваш избор со зеленчуци кои ги имате и уживајте во вкусната и здрава вечера.

Добар апетит!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *