Чоколаден путер од бадеми

Споделете со пријателите

Со неколку претходни наши рецепти сигурни сме дека барем малку успеавме да ве убедиме дека и десертите можат да бидат здрави.

Домашен чоколаден путер од бадеми…звучи прималиво, зарем не? Tолку вкусен, што ќе ве освои по првото залче. Потребна ви е само желба и малку време.

Овој здрав намаз се подготвува за помалку од 15 минути и може да биде одлична замена за висококалоричните кремови и путери.

Можете да го јадете со парчиња банана, да го намачкате на здраво интегрално лепче, со интегрални колачи, но исто така можете да го искористите и како крем за палачинки.

Потребни сосотјки:

  • 100 g сирови непечени бадеми
  • 2-3 лажици какао
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка путер (наместо путер можете да искористите и кокосово или маслиново масло)
  • неколку зрнца сол.

Како да подготвите:

Во блендер ставете ги сировите непечени бадеми. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса како на сликата. Додајте ја солта. Со лажица повремено одстранете ги залепените бадеми од краевите. Продолжете да блендирате. За максимум 10 минути ќе добиете кремаста структура.

how-to-series-almond-butter-4-HollysCheatDay.com_-1024x640

Кога ќе добиете убава густа и хомогена смеса додајте го какаото, медот и путерот или кокосовото или маслиново масло. Убаво измешајте со лажица дури да добиете еднолична смеса. Складирајте го чоколадниот путер од бадеми во стаклена тегличка и чувајте го во фрижидер.

Освен тоа што е здрав овој намаз, полн е со омега-3 масни киселини кои помагаат за намалување на ризикот од појава на срцеви заболувања.

Гледано од калориски аспект една мала лажичка од овој путер содржи само 36 калории.

На здравје!!!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *