Здрави чоколадни мафини со здрав чоколаден прелив

Споделете со пријателите

Овие мафини како и многу други излегоа сосема случајно од тоа што го имав моментално во фрижидер, сакајќи да направам некој здрав и вкусен десерт набрзина. Финалниот производ секако дека беше фантастичен, дури и подобар од очекуваното.

Одличен предлог да ги изненадите најблиските и да ги засладите со нешто благо, што сепак ќе биде здраво . Пробајте да ги направите, ќе се изненадите од тоа колку се едноставни, а сепак премногу вкусни 🙂

Потребни состојки за мафините:

  • 1 чаша интегрално брашно
  • 1 чаша овесни снегулки
  • 2 лажици какао (може и сомелени какаови зрна, околу 5-6)
  • 1 банана
  • 1 јајце (може да се замени со 2 лажици чиа семе киснато во ½ чаша вода)
  • 2 лажици мед
  • ½ чаша бадемово млеко (може и обично)
  • 2 лажици маслиново масло
  • цимет (по желба)
  • малку прашок за пециво.

Потребни состојки за чоколадниот прелив:

  • 2 лажица кокосово масло
  • 2 лажица путер
  • 2 лажица мед
  • 1 лажичка псилиум (за поголема густина) – но, не е задолжително
  • за наросување одозгора по желба потребни ќе би видат и мелени или кршени лешници и малку сува брусница.

Начин на подготовка на мафините:

За подготовка на мафините најпрвин измешајте ги сите суви делови во еден длабок сад (интегралното брашно, овесните снегулки, какаото, циметот и прашокот за пециво). Соединете ги состојките убаво дури не добиете хомогена и еднолична смеса.

Во друг сад или во блендер ставете го јајцето, млекото, бананата, медот и маслиновото масло. Убаво соединете ја и оваа смеса.

На крај соединете ги двете смеси заедно и доколку смесата е многу густа додадете малку вода, а ако е многу водена додадете малку овесни снегулки или пак интегрално брашно.

Излијте ја чоколадната смеса во калапи за мафини и печете во загреана рерна на температура од 180°С околу 20-тина минути. Но, проверувајте да не ви изгорат затоа што сепак времето на печење зависи од тоа колку јако ви пече самата рерна.

Начин на подготовка на чоколадниот прелив:

Ставете го путерот и кокосовото масло да се стопат и соединат на пареа. Потоа во загреаната смеса додадете го какаото, медот и псилиумот и убаво размешајте, ќе добиете убава густа чоколадна смеса. Оставете ја малку да се олади, но не целосно за да можете да ги мачката мафините одозгора.

Кога ќе се испечат мафините, врз секој мафин ставете по малку од чоколадниот прелив и наросете одозгора со кршени лешници и сува брусница. Доколку не ви се брза со јадење J, оставете ги во фрижидер да се оладат, после 1-2 часа се многу повкусни затоа што чоколадниот прелив ќе стане цврст, а и самите мафини ќе бидат посочни.

На здравје!

Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

2 Comments

  1. Koe brasno potocno???

    1. интегрално пченично 🙂

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *