Ѓумбир и мед за пролетно чистење и јакнење на организмот

Споделете со пријателите

Мешавина од мед и ѓумбир која можете да ја подготвите сами. Ќе ви помогне да го подобрите варењето, да го исчистите и детоксицирате организмот и да го зајакнете имунитетот со што ќе ги превенирате пролетните настинки.

Оваа мешавина е одлична за оние кои имаат проблеми со варење на храната. Исто така може да помогне доколку често имате мачнини и постојано ви се гади. Делува и како природен аналгетик и помага во смирување на главоболките и мигрената, помага и во намалување на менструалните грчеви и болки во долниот дел од стомакот.

Ѓумбирот е моќен и поради фактот што ја забрзува циркулацијата, а сето тоа може да помогне во елиминација на штетните токсини од телото и чистење на крвите садови. Оваа мешавина е особено препорачлива доколку сте на диета и сакате да го прочистите организмот.

Како да ја подготвите мешавината од мед и ѓумбир?

Потребни состојки:

  • 200 g ѓумбир
  • 3 лажици квалитетен мед

Начин на подготовка:

Ѓумбирот првин убаво излупете го, па потоа или изрендајте го или ставете го во сецко или блендер. Потребно е убаво да биде иситнет. Потоа ставете го во тегличка и додадете го медот. Убаво измешајте со лажица. Мешавината ќе биде течна поради водата која ќе ја испушти ѓумбирот.

Чувајте ја мешавината во фрижидер.

Начин на употреба:

Оваа мешавина можете да ја консумирате индивидуално, наутро на гладен стомак по 1-2 мали лажички. Исто така можете 1-2 лажички да додадете во сок од лимон и да го испиете на гладен стомак. Трет начин на консумирање е да додадете 1-2 лажички во омиленото смути кое го пиете наутро или да ја прелиете овошната салата.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *