10 најлесни начини како дневно да внесете 500 калории помалку

Редукција на дневниот внес на калории е еден од начините кои гарантира губење на килограмите. Понекогаш мислиме дека една чаша сок всушност е ништо, а таа содржи над 300 непотребни калории.

1 до 2 килограми месечно можете да намалите доколку го редуцирате дневниот внес за 500 калории помалку. Тоа не значи дека ќе треба да броите калории и да бидете опседнати со се што внесувате, едноставно држете се до овие правила и успехот е загарантиран.

  1. За појадок јадете јајца

За појадок јадете две варени јајца во комбинација со некоја свежа салата и парче интегрален леб. Ваквиот појадок кој содржи добри и квалитетни протеини е доволен и нема да дозволи во текот на денот да ве “нападне” глад и неконтролирано да јадете. Ручекот започнете го со нискокалорична супа и така ќе изедете околу 150 калории помалку.

  1. Избегнувајте газирано

Во 300 ml газиран сок може да има и повеќе од 300 калории. Наместо со сок, жедта во текот на денот секогаш гасете си ја со чаша ладна вода.

  1. Уживајте во купувањето намирници и подготвувањето на оброците

Потрошете време и сами одете до маркет, купете ги омилените намирници. Уредно складирајте ги во кујната и сами подготвувајте си ги оброците. Така ќе станете многу посвесни за тоа што го внесувате во телото и потсвесно ќе започнете да готвите и да купувате поздраво.

Можеби ќе ве интересира: Здрави и хранливи евтини намирници

  1. Јадете помалку тестенини

Порцијата тестенини треба да биде голема колку дланката, а вообичаено сервираме во скоро дупли чинии и тоа доведува до внесување на 300-400 калории повеќе. Исто така тестенините најчесто се јадат со калорични и мрсни сосови кои не сме ни свесни дека некогаш содржат повеќе и од 500 калории во чинија. Затоа избегнувајте често да јадете тестенини, доколку ви се омилени, изберете интегрална опција и комбинирајте ги со некој помалку калоричен сос.

  1. Јадете од мали чинии

Јадете ги оброците од помали чинии и не се враќајте да си доставите. Колку сте ставиле толку изедете 🙂

Доколку јадете од помали чинии ќе изедете 20 до 25% помалку калории од вообичаено.

  1. Избегнувајте грицки и јаткастки плодови

Сите знаеме дека грицките не се здрави и содржат многу непотребни празни калории и транс масти. Јаткастите плодови од друга страна пак се здрави, но сепак се многу калорични, во една шака бадеми има околу 200 калории.

Можеби ќе ве интересира: Табела со нутритивни вредности на најупотребуваните семиња и јаткасти плодови во исхраната

  1. Не јадете пред телевизор

Доколку јадете пред телевизор можете да изедете околу 300 калории повеќе. Јадете на маса и бидете фокусирани на оброкот, така ќе изедете многу малку.

  1. Оставете нешто во чинијата

Убаво е да се изеде се, но не мора секогаш 🙂

Оставете дел од ручекот и ветете си дека ќе го изедете тоа за вечера заедно со уште малку свежа салата, така ќе внесете 500 калории помалку, а и ќе му олесните на организмот полесно да ја процесира и свари храната, затоа што малите оброци многу побргу се варат.

  1. Не гладувајте

Со гладување нема да постигнете ништо, затоа што ќе ви дојде момент кога ќе паднете во искушение и ќе изедете се пред себе. Јадете свесно и одговорно.

Бирајте секогаш свежо овошје и зеленчук како прв избор, избегнувајте благо, сокови, тестенини и лебови.

  1. Квалитетен сон

Недостатокот од сон предизвикува неконтролирано внесување на храна кај многу луѓе, затоа трудете се да спиете квалитетно, така ќе го регулирате апетитот и ќе внесувате многу помалку калории во текот на денот.

Можеби ќе ве интересира: Детоксикациски напиток со оцет и цимет за подобар сон

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *