10 најдобри извори на протеини за вегетаријанци

Вегетаријанската исхрана за разлика од веге исхраната не ги исклучува јајцата и млечните производи од дневното мени. И покрај фактот што вегетаријанците не јадат месо и риба сепак млечните производи, јајцата, некои житарици, јаткасти плодови и зеленчук можат да содржат иста, па дури и поголема количина на протеини.

Овие 10 намирници се одличен извор на протеини за сите вегетаријанци:

Јајца – околу 6-7 g протеини во јајце со просечна големина

Јајцата се извонредно здрава и полновредна намирница, затоа што се богати со многу хранливи состојки. Најновите истражувања покажуваат дека јајцата не го зголемуваат нивото на холестеролот како што се мислеше порано, туку дека тие придонесуваат за намалување на крвниот притисок и за превенција од срцев и мозочен удар.

Можеби ќе ве интересира: Кој е најздравиот начин да ги готвите и јадете јајцата?

Грашок – 7.5 g протеини во една чаша

Грашокот е одлична намирница со многу протеини, а малку калории. Во 100 g грашок има само околу 8 калории. Богат е со витамини, и тоа особено со витамин Ц, минерали и растителни влакна. Тој е погоден и за вегани.

Млеко – околу 8 g протеини во една чаша

Млекото е одличен извор на протеини и калциум. Сепак најдобро е да се консумира органско и не пастеризирано млеко кое ги содржи сите хранливи состојки.

Киноа – 8.5 g протеини во една чаша

Киноата станува се попопуларна во мениата за здрава исхрана, и тоа е навистина со право затоа што оваа намирница содржи многу хранливи состојки, витамини и минерали. Киноата ги содржи сите есенцијални аминокиселини. Погодна е и за вегани

Наш предлог: Чоко-банана пудинг од киноа

Грав – 16 g протеини во една чаша

Гравот е наша традиционална намирница која со вистинско право можеме да ја наречеме суперхрана затоа што ги содржи сите микро и макронутритиенти. Погоден е и а вегани.

Наут – 18 g протеини во една чаша

Наутот е одлична полновредна намирница. Претставува одличен извор на растителни влакна, железо и калиум. Погоден е и за вегани.

Наш предлог: Здрави мафини од киноа и наут

Леќа – 18 g протеини во една чаша

Протеините од леќата ги содржат сите есенцијални аминокиселини, а од витамините, леќата е богата со витамин Б1 и Б9, од минералите содржи големи количини на железо, магнезиум, фосфор, манган, цинк и калиум.

Наш предлог за вкусен и здрав ручек: Вкусно вариво од мешунки

Тофу – 8 g протеини во 100 g

Тофу или сирење од соја е одлична намирница која содржи голема концентрација на протеини. Поради неутралниот вкус одлично се вклопува во секој оброк. Тофу сирењето е погодно и за вегани.

Хељда – 23 g протеини во една чаша

Хељдата е одлична безглутенска намирница која изобилува со хранливи состојки. Иако не е житарица може да се користи како замена за брашно, но и варена да се комбинира на многу начини.

Наш предлог : Хранлив појадок за секој ден: Снегулки од хељда со бадемово млеко

Ореви – 15 g протеини во 100 g

Оревите покрај тоа што се одличен извор на протеини, тие се и исклучително одличен извор на здрави незаситени масти и многу поволно влијаат на крвниот притисок, срцето и мозокот. Погодни се и за вегани.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *