10 предлози за здрава нискокалорична ужина

Најдобро е помеѓу главните оброци да имаме период од 3-4 часа во кој нема да внесуваме никаква храна за да му олесниме на телото полесно да го дигестира внесениот оброк.

Но, некогаш едноставно не фаќа криза и способни сме да изедеме се наоколу.

За да не внесете било што во таквите моменти имаме листа од 10 предлози за здрава нискокалорична ужинка.

  1. Путер од кикиритки со јаболко

Јаболко или пак некое друго овошје совршено се комбинира со путер од кикиритки. Ќе ви ја задоволи желбата за благо, притоа внесувајќи во телото хранливи намирници кои се богати со нутритиенти.

  1. 10-тина бадеми или лешници

Шака јаткасти плодови е секогаш добар избор за ужинка кога сте негде во брзање. Но, внимавајте да не претерате затоа што покрај здравите масти јаткастите плодови содржат и многу калории.

  1. Црно чоколадо

Темното чоколадо кое содржи 70 или повеќе % на какао е одличен извор на влакна, железо, магнезиум, антиоксиданси. Но, и со него не претерувајте околу 30 g се оптимални за ужинка.

  1. Хумус со моркови

На овој линк можете да проверите како да си подготвите домашен хумус. Ако немате време, можете да купите и готов, сега веќе го има во сите подобро снабдени маркети.

Излупете неколку моркови и еве ви одлична ужинка.

  1. Чиа пудинг

2 лажици чиа семе потопете ги во млеко, јогурт или пак во вода. После 2 часа додадете 1 лажичка мед или друг засладувач и неколку бобинки (боровинки, малини и слично).

Ќе добиете вкусна кремаста ужинка која со сигурност ќе ви ја задоволи желбата за благо.

  1. Урда со семиња и мед

Урдата содржи голем процент на казеин, млечен протеин кој споро ги ослободува аминокиселините кои ги содржи со тоа што му обезбедува на телото и мускулите ефикасна регенерација и тоа особено доколку се консумира навечер пред спиење.

Урда со лажичка ленено семе и сусам и 1 лажичка мед покај здрава ужинка може да ви биде совршената нискокалорична вечера.

  1. Бомбици со овесни снегулки

Подгответе си ги овие вкусни залчиња за време на викендот и ќе си имате цела недела здрава ужинка за моментите кога ќе кризирате за нешто благо.

Рецепт: Здрави бомбици од овесни снегулки и банана

  1. Чоколаден напиток со цимет

1 лажичка какао со 200 ml вода ставете ги да на оган дури водата не зоврие. Потоа додадете малку цимет и 1 лажичка мед. Ќе добиете вкусен антиоксидантен напиток кој ќе ви ја задоволи желбата за нешто слатко.

  1. Освежувачка лимонада

Сок од лимон со неколку тркалца краставица и ѓумбир е напиток кој скоро и да не содржи калории, а сепак може да ви го контролира апетитот и во моментите кога кризирате да ви ја намали желбата за грицкање. Можете дури да си направите и поголема количина и да си пиете во текот на денот наместо вода.

  1. Пуканки

Направете си ги сами, со многу малку маслиново масло и многу малку или воопшто не додавајте сол. Пуканките сами по себе не се калорични, но кога се направени со многу масло знаат да бидат.

Дополнително кога имаат многу сол прават задршка на вода во телото што ќе ве направи да се чувствувате надувано и полно.

Ако се без сол и со многу масло тогаш ја имате вистинската ужинка.

Драгана Младеновска

Магистер по фармација, Аеробик и Пилатес инструктор. Зависник од здрава исхрана и експериментирање во кујната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *